Ми треба помош околу МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ, ми остана за на испит Е сега на испит ке имало и отворени прашања, па може ли да ми каже некој (ако знае) што прашува?
Трговско право дава шанса да се одговара усно доколку ти фали еден поен за повисока оцена. Доколку не ги одговорам прашањата, дали ќе си ја задржам мојата оцена или може и помала да имам?
Здраво дечки ми требаат 2 изборни предмети за овој семестар дали имате инфо за некој од овие предмети? Девизна политика Менаџмент на човечки ресурси Теорија на одлучување Економика на внатрешна трговија Економско планирање Менаџмент на перформанси Меѓународен финансиски менаџмент П.С Мои предлог ви е за сите од трета и четврта година Менаџмент на ризик, као прво прелесен за положување као второ постојат еден куп начини да се дојде до бодови за повисока оцена.
Дали ќе може некој што ги има прашањата по Меѓународна економија да ми ги прати или ми каже каде ги има?
За кои од предметиве треба да се има оригинал учебник: Економика на претпријатие, Статистика за бизнис и економија, Организациско однесување и Еколошки менаџмент, и дали за овие може да се најдат прашања во Либро? Фала
може ли некој да ми објасни која е постапката за запишување во летен семестар,дали се прави тоа онлајн или со пријави некои,каде се поднесуваат пријавите,кога се плаќа и дали и за тоа има некој рок?
Ќе има на сајтот на економски се објснето, пријавуваш на iknow, па после тоа со пријави во студентски. А за датуми ќе имаш истакнато на сајтот.
Здраво. Како се проаѓа испитот по математика, дали може нешто да се препише, од прилика кои задачи се паѓаат најчесто од прогресиите (дали тие со двете претпријатија) или пак потрошувачки кредити, какви матрици (инверзни, гаусови, џорданови), проста или сложена камата, ренти или влогови, какви од амортизација? Коса ми се крева кога ќе помислам на тој испит. Има ли причина за паника, или може да се полага и со години? Благодарам однапред на одговорот.
Dali nekoj znae tocno da mi kaze ako sega na ispit matematika padnam dali ke moze da polagam pak vo avgust ?