Ако ти е поентата само лесно да поминеш, да не идеш ни на предавања ни да вежби да положиш да си платиш кредити за предметот и на крај ништо да не научиш тогаш не го земај земи си социологија,еколошки и сл. Ако сакаш да научиш нешто башка не е ништо тешко за учење колоквите се смешно прелесни, само работата е што се прави проект и треба да идеш на вежби за да си во тек и да знаеш како да го направиш проектот, инаку професорот е топ и гледа стварно интересно да е, и да не заборавам треба да си ок со англискиот затоа што има нешто на англиски.
Да ве прашам некој да не знае на кој принцип ќе биде оваа година предметот осигурување? Игор ќе го предава и слушнав дека повеќе ќе имало теорија а не ко до сеа само задачи, знае некој нешто?
феминки едно прашање брат ми е прва на факс само што го запиша втор семестар, наместо 4 предмети запишал 3 бидејќи немало место таму кај што сакал.Сега прашањето ми е дали може да си запише било кој др изборен или пак ке треба да чека втора година што ако нема место пак? ке го влече во 4та?
Идеа колешки за изборен од другиве факултети со 5 или 6 кредити поради тоа што неможам етика да запишам? Да не е Англиски 2..
Совет да земам организациско кое сега ќе го предава Александра или да земам мчр со измени бидејќи ќе има нова книга?
Дали знае некој да ми каже дали треба оригинал книги по предметите математички методи и сметководство на трошоци?
Да сподели некој искуство за книги/материјали за социологија и еколошки менаџмент? Дали оригинал, дали може копии, цена и сл. Фала.