Тие што сме прва година задолжителна е пракса? Ќе имаме некој бенефит ако одиме на пракса? И дали некои компании плаќаат за одењето на пракса?
Девојки да ве прашам знае ли некоја колку предмети можеш да презапишеш за да фатиш условно како иде тоа може некоја да ми објасни ? и од прв семестар и од втор вкупно само изборните ги имам поминато сега ќе видам што ќе направам на втор колоквиум изборните засега добро ги поминав нив.Редовните ми се проблем.
http://www.eccf.ukim.edu.mk/ArticleContents/ЦК-ЛИСТА.pdf , листа со фирми каде што може да се оди на пракса.
Знае ли некој дали може да се извади добра оценка Менаџмент на ризик на испит и дали се паѓаат прашањата,дали важат и за испит поените од семинарска и присуство?
Пракаста е задолжителна. Се зема упатница од факултет, ти си бираш у која фирма ќе идеш на пракса, и дали ќе идеш или ќе се снајдеш од некаде да си обезбедиш потврда без да идеш на пракса. На прашањето што се прави таму зависи од тоа у која фирма идеш. У банките у принцип ти даваат досадни раб од типот копирај скенирај, подредувај документи и сл, или уште полошо купувај доручек или прави кафе. Се зависи и од луѓето таму како ќе ти се погодат, можеби некој има и подобро искуство, ама генерално е вака. За имање бенефит зависи и од самиот студент колку е заангажиран за дда научи нешто, а и од таму враб дали ќе сакаат да те обучат ( што е редок случај да сакаат). За плаќање исто ретко која компанија плаќа зошто станува збор за пракса 1 месец а и они знаат дека ни е задолжитела така да...тоа е.
a koga treba da ja obavime praksata , koj mesec, dali sega koga ima predavanja ili posle zavrsuvanje na semestar?
Пред да завериш нареден зимски семестар потребно е да имаш завршено со праксата, но доколку немаш тогаш можеш и на заверката на летен да ја однесеш потврдата. Инаку без пракса не можеш да запишиш семестар. @kristi00 на нашиот факултет нема услов, доколку не положиш некој предмет истиот го презапишуваш во наредниот семестар на местото од изборните предмети и си земаш друг задолжителен од втора година на пример. Доколку немаш положено по два предмети од двата семестри паѓаш во приватна квота.