Уште едно прашање: http://www.eccf.ukim.edu.mk/Programmes/61/1/26 > Изборни предмети Дали се тоа сите предмети или само предметите за смерот кој го одбираме(кликнуваме), но гледам дека сите за сите смерови се исти(сите) изборни предмети дадени. Значи тоа дека на било кој смер може да одбереме еден од овие, или има некоја граница кој смер може кој предмет да го избере?
Мислам дека е исто за смеровите, само на Е-бизнис, предметот Е-бизнис во прв семестар е задолжителен. не земаат изборен друг, тој им е. За сите други смерови се избира од понудените.
Аха прочитав сега дека тие шифрите пред секој предмет означувале кој предмет во која година може да се земе пример тие 100 и нешто (пр. 110) само во прва година 100,200 во втора 100,200,300 (пример 390) - трета и било кој за во четврта *----------------*----------------* Е сега знам дека ако се обидеш да се запишеш на маркетинг (државна квота) а го имаш менаџмент како втор посакуван смер (некаков редослед имало) дали ако нема место на маркетинг (во дк.) а има место на менаџмент (дк.) ке бидам преместен таму(менаџмент на државна) или на приватна квота на маркетинг??
@Anonym123 Имаше еден документ што се доставува при запишувањето, мислам дека беше изјава дека прифаќаш ако нема место во државна, да бидеш во приватна квота. Имаш право да не го доставиш, и секако кога ќе аплицираш онлајн нема да го штиклираш тоа дека се согласуваш да бидеш во приватна, и така ако нема место во првонаведениот ќе те стават во следниот смер што си го навел во државна квот.
Без разлика во која банка, праксата си е големо искуство. Не е лесно се ке правиш од фотокопирање и печати ставање до подработување поедноставни работи, се зависи колку си заинтересирана. Според мене подобро е праксата да ја поминеш на некој сектор во централата, бидејки во експозитурите нема многу што да правиш (немаш пристап на благајна). Јас бев во НЛБ во централа на пракса, и сега работам во експозитура. Тоа е моето искуство
Практиканската работа тука во земјава уствари ти е сведена на варење кафе и копирање. Слободно можеш во идина да се вработиш во фотокопирница или евентуално како шанкерка јер имаш огромно искуство.
Дали некој ги памти прашањата кои се паѓаат Финансиско сметководтсво затоа што се истите на секој испит или барем нешто што и да е што памти?
Моето искуство не е такво, сепак мислам дека сам треба да покажеш заинтересираност за учење. Многу зависи и од менторот и луѓето со кои работиш, но верувај дека не е секаде така ,,црно''. Па и на крајот од денот ако е така имаш целосно право да ја прекинеш пракста. Јас зборувам за пракса каде институцијата бара практиканти, а не каде мора да одиш преку факултет или сл.
Зборувам општо. Блиска другарка идеше на пракса во една од банките каде што нуделе практиканска работа, не беше у дирекција туку у ексопзитура. Мислам дека биле околу 5 практиканти истовремено, лично девојчево што го знам ментор - немало. Иако покажувало заинтересираност, шо има понаката да се збори ?
Верувам дека има и такви случаи, и мои колешки имаа такви искуства. Но сепак ке кажам има и исклучоци, за мене да не беше праксата сега ке дремев дома, праксата практично ми беше шанса за вработувањето. Очекувам коментар од типот дека ми помогнал некој, но ке кажам дека не познавав никој и никој не ,,ургираше'' за мене. И затоа препорачувам да се проба, ништо не губиш, ако видиш не оди - ја прекинуваш.
Тие што одевте во НЛБ Тутунска банка на пракса, што ви даваа на крај како потврда дека сте биле на пракса?