Значи ако сакаш да имаш потврда за факултет ке си земеш упатница/потврда од студентски и таа ке ја однесеш во банка да ти ја заверат.
Jас лани ја однесов во банка и не ми ја вратија, ми дадоа нешто друго, не ми текнува што беше, за тоа прашувам
Продавам Основи на Економија (оргинал), збирка мат (оргинал) + задачи од приватни часови, сметководство збирка + книга+ задачи од прив часови, скрипти за се , и за зимски семестар статистика (оргинал), еколошки менаџмент и социологија копии ( социо имам и книга ), и економика скрипта заинтересирани нека ми пишат Ова ви е пакет за 1ва год
Дали може да бидам редовен студент и да бидам притоа вработена, осигурена и пријавена на полно раб време? Прашањето е од законски аспект дали може, а не дека нема да можам да постигнам да одам на факултет и да работам.
Здраво. Сакам да се запишам на Економски, ама не можам да се определам за смер. Може некој да ми даде вовед за факултетов? Дали материјалот е обемен? Дали на пракса се оди уште од прва година? Дали организацијата на факултетот е добра? Дали пример ако некој има завршено на економски смер во средно би му било полесно? Фала ви.
Јас сега ќе бидам 3та средно ама можеби ќе се одлучам за економски и може ли по лп да ми објаснете како одат предавања и слично и дали сте задоволни и ме интересира дали го прифаќаат во странство
ќе потполниш изјава дека ти е во тек и ќе однесеш при упис на втор семестар имаш уште доста време, може ќе се предомислиш, може ќе се смени програмата ...
Има некој што е на Економски на смер маркетинг? Сакам да се запишам на маркетинг и ми требаат информации како е на тој смер, дали има обемен материјал за учење, дали од средно економски смер ќе биде полесен и попознат материјалот?
Здраво женски. Сега ќе бидам прва година на факултет и сакам да одам на економски, па сакав да прашам ваше мислење,кој е најлесен факултет и дали лесно се полага?