ФПИ некој што одел на предавања дали ги има кажувано професорот прашањата на предавања што не се од книга, како на пример дали може иван да му купи осигурителна полиса на филип бидејќи се другари или пак дали македонската берза има електронски систем и такви општи работи ?
Бидејќи сум вонреден студент, ќе ти кажам дека има. На двата колоквиума имаше такви прашања што морав по логика да ги решавам. Учам од книга и од прашања од Либро, а едно 3-4 прашања такви беа. Да не спомнувам Макроекономија, истата ситуација со многу повеќе прашање кои не се од книга.
Некој да сподели искуство од испит по Меѓународни финансии? И дали некој знае дали ќе има отворени прашања ?
Дали е тешка математиката на факултетот и колку е застапена? Ме привлекува економија, бизнис, али математика сум очајна нула со знаењето. Како би поминала, се совладува?
Дали има некој искуство ФПИ ако му се двата колоквиуми условно положени сто се случува? Дали пак цел испит треба или како
Да сподели некој Организациско однесување на испит на што да се обрне повеќе внимание бидејќи е на раскажување лекции?
Здраво, Пиши ако сакаш дали беше во август на испит и како беше, јас сакам да полагам но незнам дали ке бидат отворени и треба деф. или цели лекции? И дали може да го смениме а да не го презапишуваме како иде?
Здраво, Пиши ако сакаш дали беше во август на испит и како беше, јас сакам да полагам но незнам дали ке бидат отворени и треба деф. или цели лекции? И дали може да го смениме а да не го презапишуваме како иде?
Не бев во август но професорката кажа дека испитите и се со раскажување на лекции,најверојатно 3. Изборните може да се сменат со молба до архива и до заверување на семестарот.
Не е претешко претешко ама треба континурано вежбање и стварно да се запниш за да положиш..ако одиш на спремање и ги прершаваш задачите и секој ден да ги вежбаш ваљда ќе постигниш некој резултат..барем мене така ми беше
Здраво колешки, дали некој што полагаше основи на маркетинг ги има запишано прашањата што се паднаа ?
Искуство со предметот Менаџмент на ризик? Дали е лесен, лесни ли се колоквиумите и дали може да се одбере како изборен за 4ти семестар?
Сакам да запишам 5 предмети во летен семестар, тоа оди нели со просек 8,5. Сакам да прашам дали го гледаат просекот од минатата годинаа или од сите семестри вклучувајќи го и овој сега што помина зимски бидејќи е можно да ми падне просекот?