Пеце и Предраг ќе ви ја извадат душата. Пеце е многу принципиелен, ако паднеш колоквиум за 1 поен ќе те пушти под услов да презентираш лекција, а презентирањето кај него е исто како да браниш дипломска. Прв колоквиум прашањата се на заокружување, втор има на заокружување и отворени. Книгата е обемна, застарена и професорот на час кажува кои делови се сменети. По управување со системите ќе имате отворени прашања кои професорот ќе ги диктира. Услов за да полагаш прв и втор колоквиум е да два пати да презентираш лекција. На колоквиум има 5 прашања. Сите писмени се оценуваат според најдобрата во групата.
Некој што слушал еколошки менаџмент, социологија да каже какви се предметите? И некој друг предлог за изборни полесни, немам идеја што да изберам. Мчр каков беше минатат година?
Jас ги имам слушано и двата,лесни се многу сите имаат високи оценки. Еколошки м. учиш од прашања од либро и на колоквиум се паѓааат 30 прашања,доколку одиш на предавање добиваш +оценка.Имаш шанси доколку го паднеш 1кол. ,да одиш да го полагаш 2кол во рокот а за време на испит во јуни да го полагаш 1кол. Социологија е исто лесен се учи од прашања и книга(100стр). Треба да ја имаш книгата оригинал ја има во Либро 300ден. Се пишува и есеј тоа е задолжително ,темата ја дава за време на предавањето(можеш со книга да одиш).
Фала @tranquila. Да те прашам уште нешто, кога ги полагаше предметите? Нели зборуваа од минатата година ке е сменет начинот на полагање и на двата предмета или нема врска.
Сменет е начинот. Социологија веќе не предава Ристо, туку Кекеновски и прашањата се есејски, од колегите што сега полагаа само двајца пуштил и тоа на дополнителен, подобро заобиколи го предметот професорот е многу непредвидлив. Еколошки од оваа година ке има нова книга така да најверојатно прашањата нема да се паѓаат.
Predlog izborni dva za leten semestar prva godina? I mislenje za ekoloski menadzment i ekonomija na zivotna sredina? Dali ustvari toa e edno isto? Predava Pece Nedanovski. Kako e za oceni, za polaganja i knigata i materijalot dali se obemni
Дали Еколошки менаџмент е само прекрстен во Економија на животна средина? И каде ги има новите изборни предмети? На сајтот на факултетот нема измени.
Минатата година ги полагав на колоквиум. Социологија во јуни на дополнителен 2 колоквиум,но прашањата беа истите. Како било на испитот во август и јануар незнам.
Провери во водичите што ги даваат на упис во прва година. Мислам дека Еколошки менаџмет сега има друго име, види во водичот кој е кодот за Економија на животна средина. Би требало да е ECN 120, бидејќи тој беше Еколошки менаџмент. Предлог изборен предмет за трет семестар?
Здраво колешки, Сметководствени контролни системи кај Атанаско за изборен? Обемен ли е предметот и какви се колоквиумите?