Некој од претходни генерации да има праено проект за Endava по интернет маркетинг? Ако да, пишете ми ЛП
Некој ако може да сподели искуство со одење на пракса во некоја фирма? Што треба документација и како треба да се пријавиш за да одиш на пракса во некоја фирма?
Имаш листа на фирми каде што можеш да посетуваш пракса. Праксата треба да трае минимум 1 месец. Потребна ти е потврда од на факултет за да посетуваш пракса..си наведуваш во која фирма сакаш и ти заверуваат на студентски прашања. Доколку сакаш да одиш во некоја фирма која ја нема на листата треба да направиш договор помеѓу факултетот и фирмата, во 4 примероци- 2 за факултетот, 2 за фирмата и тоа ти го средуваат во архива. А за искуство од одење на пракса зависи од фирма до фирма..некаде можда нешто ќе научиш некаде ќе те праќаат по кафе и јадење..али повторно ќе напоменам искуството е индивидуално. И така..се надевам мојот одговор ќе ти биде од корист
Некој да ми препорача некој што изработува добри семинарски за економски факултет ама само проверено ако и на вас ви изработиле добро.