Да, кога ќе дипломираш ќе добиеш уверение за познавање на странски јазик, само не знам дали е баш за од 8 погоре. Јас имав 9 и кога си ги земав документите, го имаше и уверението.
Ако може некој да ми каже кој смер е најдобар на економскиот факултет и дали е лесо за наоѓање работа по дипломирањето?
Дали некој знае кога е приемно време на Гоцков и на Александар Наумовски? затоа што ова на веб страната е е се измешано и неточно..
Планирам да се запишувам на економски во Скопје. Може некоја информација плус, колку бода ми требаат за да ме примат, кои предмети главно се изучуваат и сл?
За бодови зависи до смерот... Највеќе бодови бараат на финансиски, а најмалку на надворешна. Во врска со предметите во прва година имаш во зимки семестар математика, сметководство и економија задолжителни и еден изборен. А во летен семестар имаш статистика задолжителен и три изборни предмети.
Сакам да се запишам на економски факултет па се двоумам меѓу е бизнис и финан.мен.Добро ми одат математика и англ.Што ме советувате?Кој смер е повеќе перспективен?
Здраво, сакам да прашам дали знае некој да ми каже какви се испитите по развој на економската мисла и економски системи и глобализација? Дали на заокружување или текстуални со раскажување цели лекции или прашања? Благодарам однапред на помошта, на вонредни студии сум дека работам и не сум бил на ниеден час до сега и незнам какво е полагањето на тие два предмети а ги пријавив за во септемвриската сесија.
Некој нешто повеќе да ми каже за предметиве: основи на менаџмент, основи на маркетинг, менаџмент на човечки ресурси и некој изборен да ми предложите за зимски семестар втора година.
Здраво колеги, дали има некој што е водреден да ми каже какви се условите за студирање(дали се полага на колоквиуми) ...
Од мое познавање исто како и за редовните студенти само што не ти е задолжително да отиш на предавања и на вежби можеш комотно да се вработиш,начинот на полагање ти е ист преку колоквиум или испит.
Дали работат студентски прашања? И дали кога се вади уверение за положени испити треба да се уплати и таксена?
@ISI :) Перспективен ти е и еден и друг. Мада со било кој смер утре можеш да работиш било што, освен кога бараат дипломиран економист од стриктно некој смер. Поинтересен за учење мислам дека е е-бизнис и полесен од финансиски менаџмент. @bb8 Основи на менаџмент треба да се учат набројуванки во главно, но пак треба да се прочита целиот материјал бидејки има и отворени прашања. Не е многу лесен, си бара учење. Леонид Наков го предава, коректен професор е.
moj sovet ako e Leonid Nakov profesor na povekje redmeti begaj, toj e se samo ne korekten profesor. Po moe iskustvo biraj dr smer.