А тешко е ?? Со оглед на тоа што има прашања со повеќе одговори ? Дали се слични помеѓу себе? И што со графиците? Треба сите да ги знам?
ОДговори се еден или два... Не се слични, за мене слични се сврзник да е сменет, а ако е на пример на едното се намалува невработеноста, а под б) се зголемува невработеноста, тоа не ми е слично, бидејќи такви прашања има... А за графиците, треба убаво да си знаеш, не толку мн како се цртаат туку кој фактор како влијае на понуда побарувачка, на пример ти вика со зголемување на куповната моќ на населението што се случува со кривата на понуда? И имаш под А) се поместува нагоре и кон десно, Б) надоле и кон лево... и слично... Такви му се прашањата, земи ги од Либро мн добро ќе видиш какви се точно, ама УБАВО учи, не на памет, глеј да разбереш...
Да утре ќе ги земам од Либро, денес да го повторам цел материјал, утре да извежбам и тоа е Фала многу!
Сакам да ве прашам на постарите колеги, дали се паќаат прашања по макроекономија од тие што ни се домашно???
Дали некој знае аграрна политика што треба да се учи, доволно е само од презентации или има некои прашања што се паѓаат често?
Ајде, прв пост во најинтересната тема Во врска со предметот Теорија на организација, што паѓа на колоквиум, дали треба да ги бубам сите можни набројуванки, дали има некои прашања што се вртат... ? Секоја помош е добредојдена И да... благодарам однапред
Знае некој што ќе има на колоквиумот еколошки менаџмент, некоја што оди на предавање? И кој графикон треба да се црта на колоквиум? Благодарам
Епа драги мои јас фино лепо го за*бав колоквиумот по економија, ќе паднам 100% еее мнг се нервирам а толку учев ама тешко беше.. Еј сметководство што прв пат се сретнувам со таков предмет положив, а ова имав некое предзнаење од средно и пак.. Ах Ани Ани..
Немој да се разочаруваш пред време, може ќе положиш. Многу е битно економија да се учи со разбирање баш како Вип што те советуваше и ништо не смееш да занемаруваш. Знам дека не е лесно, прашањата му се логички и бара максимална концентрација, но и во случај недај Боже да не го положиш на колоквиум, на испит се паѓаат истите прашања од колоквиумите. Јас го полагав на испит и не ми беше многу тешко. Ќе си посветиш внимание, ќе го учиш повеќе време и ќе го положиш.
Срце тежината на сметководство во прва и економија се север и југ... Сметководство учев 2 саати пред колоквиум, вечерта кај баба ми на слава(можеш да претпоставиш како сум учела) и имам 10ка, а за 10ка економија газот го препотив, учев после секое предавање и уште еднаш цела книга пред колоквиум... Така даааа.. И не мислиш дека си паднала одма, економија е предмет на кој не се знае, почекај не се разочарувај предвреме за џабе. Јас освен менаџмент за кој почнав одма да цмизрам дека сум паднала пошто 9 прашања врска немав за никој не зборам пред рака, ќе ме прашаат како јас викам ќе видиме на резултати... Така и ти, надежта последна умира... И теши се ако не, Студент без испит ко баклава без ореви.... Ајде не е крај на свет, ова не е средно 1ца и поише од 2ка неможеш, ќе си научиш на испит и готово, има поправни(знам дека не е сеедно ама па со нервози само полошо си правиш)
Иста ситуација и кај мене. Уште од почеток си викам ај ова го иам учено во средно, па колку тешко може. Сепак се утепав од читање и учење па пак не сум задоволна од исходот. Како и да е, како што вели Вип боље да видиме резултати па да се жалиме. Инаку резултати да очекуваме за брзо време, така?
Ах фала на утехата на сите три инаку некако ми беше многу комплицирано и скоро сум сигурна дека нема да положам.. Инаку резултати од понеделник натаму би требало да има.. Ништо ќе си учам за испит изгледа, ајде сепак да не се разочарувам сеуште иако немам баш некоја голема надеж
Ех тоа е најголемата грешка со која може да се судрите... АХ ОВА НЕШТО ЗНАМ ОД СРЕДНО... На нашиот ни златен факултет се што знаеш од средно е џабе, не те прашуваат кажи што знаеш, туку точно фуснотата нив што ги интересира, немојте никогаш веќе така да настапувате, учете го рамно како да немате поима за што станува збор, јас од економско доаѓам ама во ниеден момент не реков а јас знам нешто од ова НИКАКО, тоа е сигурна карта за јануарска сесија... И немојте на шлаканици да ве фатам ако видам дека сте положиле, се спремале за на испит, јас се скинав плачејќи кај бобек дека ќе паднам па кога се видов со 62 срцево ми заигра, финансиско сметководство викам а супер се може 80 поени ќе имам па 60 имав, затоа никогаш не се знае, олабавете паметите, ако немате што да спремате и не се замарајте, додека ви било време вие сте учеле и сте се замарале, а сега кој има за прегледување нека се замара, ајде опуштете се малку
Ако не се положи прв колоквиум,се оди директно автоматски на Испит? (се однесува на математика и сметководство)