За казненава сесија уплаќате 1500ден на уплатница, во банка и потоа уплатницата, заедно со пријава за испит и административна такса ја носите на студентски.
Дечки дали демографија е изборен за во 3 семестар или 4? Зашто го дава како опција да се избере на iknow... И дали некој знае дали е задолжително да се оди на предавања и вежби по основи на маркетинг и однесување на потрошувачите?
Предложете изборни предмети за 4та на сметководство и ревизија. Зошто повеќето не одговараат на прашањава.
Братучед мој има завршено на Е-бизнис и прилично лесно си најде работа.Нешто со апликации работи ама плус одеше на додатни курсеви за не знам ти што таму
Јас го имам слушано е-бизнис доста интересен предмет ми беше.А и лесен е во глобала ако ти иде англиски.Не е задолжително присуство но работите што ги збори професорот ке ти останат во глава.Се прават презентации на одредени теми каде што треба да истражуваш за одредена тема и после тоа да го презентираш но не пред сите само пред тие што имаат направено презентации, за тие презетации добиваш плус поени што ти ја зголемуваат оценката.Јас учев од учебникот он што го има на зефир и обавезно ревју прашањата што се да си ги одговараш тие највеке се пагаат .А мислам дека има прашања или скрипта некоја во либро.Лесен и интересен предмет.а претприемништво го немам слушано.
мене ми го предложиа религиски системи од педагошки со 3 кредити е. Се правело некоја семинарска и на испит се полагало.прилично лесен бил.
многу се жалат од деловна етика но јас супер си поминав битни се набројуванките да ги научиш.на втор колоквиум имаше 2 или 3 отворени прашања од општа култура дава поени за креативноста ако напишеш нешто се прави презентација за повисока оценка.Го цени присуството што е и услов да земеш потпис.
Ме интересира сега ќе презапишам еден задолжителен предмет од зимски што значи дека губам еден изборен од наредниот зимски.Е сега дали ако земам плус еден предмет со 3 кредита и така наредните семестри зимам по еден предмет по 3 кредитаа дали на крај ке ми се изедначат кредитите што ке надоместам за тој изгубен изборен или безразлика пак треба да ги положам тие изборни предмети?
@Пилот 21 кредит минимум. @bb8 треба да имаш 19 задолжителни 12 изборни (од кои 3 од универзитетска листа) и 237 кредити 3 кредити се дипломска, така да пресметај си.
е-бизнис е полесен ама подосаден, се учи за 2-3 дена се учи од одговорени прашања, предавања и вежби незадолжителни и проект за ако сакаш повисока оцена
Еден сега, друиот нареден пат Лесни се. Општествебо е мн лесно ако идеш на предавања полесно се учи. Јас не идев ама добро пројдов пошо дома морав подетално да читам хаха Зимај кој сакаш
Od koj semestar se? Koi profesori gi predavaat ovie predmeti??? Toa brojkite 240 420 340 prvata brojka ja oznacuvase godinata vo koja mozat da se zemat kako izborni ili kako bese???? Pls brz odgovor