Трговско, демографија и мчр се лесни. Мчр само бара присуство дека се обработуваат кејсови на часовите ама во глобала е лесен предмет.
Совет- не си го прави тоа на себе, има зезнати професорки, кај Снежана 4 предмети за кои освен учење ти треба и среќа за нешто поголемо од 6ка на испит, другите предмети бараат да исполнуваш писмен дел(затворени/отворени прашања), но и работа на проект во група најчесто(некаде е и само услов за поголема оценка), сеедно ако имаш голема желба да учиш за маркетинг префрли се, ама нема да ти биде лесно
И ве молам за мислење за МЧР , демографија и основи на маркетинг, дали има учебници за нив и искуство
МЧР е лесен предмет, професорот е многу коректен и супер предава. Бара присуство за плус оцена. На вежбите се работат кејсови од кои 2 дава на колоквиум со книга 30 мин на располагање да ги решиш, а потоа следува тестот на заокружување. Демографија исто така е лесно, не бара присуство, мислам дека беше по 100тина страни за колоквиум. На колоквиум 10-15 минути ја дава книгата на почеток на полагање затоа и мора да имаш оргинал.
Исто ме интересира и за Меѓународен финансиски менаџмент (Сашо Арсов) и Производен менаџмент кај Кирил?
Здраво на сите Дали некој знае дали има рок на студиска година и колку трае? 2010/2011г е прва година на студирање до колку има право студентот да полага, мислам дека овој семестар треба да е последен. Имал ли некој познавање од ова?
Decki dali ce mi praat problem na studenski za listot za na praksa sto ni e deka ne mi e pisano nitu DOO nitu DOEl tuku samo imeto na firmata
колешки ве молам да ми објасните дали може англиски 1 да се земе во 5ти семестар а англиски 2 во 6ти семестар? бидејки слушнав дека анг.1 е во 3 семестар а анг.2 во 4,дали ова е точно или си нема врска? Ако може и искуство со предметите да ми кажете и бидејки носи 5 кредити после ке имам некој проблем или ако имам над 240 на крај нема потреба да ги доплакам? фала ви
Се слуша на филолошки фах, сигурно тамуќе иима распоред. Сигурно ќе биде само еден ден предавање(понеделник). И јас сега сакам да го изберам, но незнам ништо околу предметот како се полаага, и дали професорот многу бара. Дали ти си запознаена околу предметот да ми кажеш?
Јас се уште немам запишано трети семестар ( полагав испит во казнената сесија ) и планирам да ги запишам демографија и МЧР .Дали може да се случи да нема место за тие предмети па да не можам да ги запишам. Ај ве молам кој знае нека пише и дали се плаќа казна за задоцнета заверка ?
Извини те молам, дојде до промена на планот.Јас утре не ќе момам да дојдам во Скопје ќе бидам во среда ама ќе ти се јавам кое време . Во секој случај чувај ги книгите сигурно ги земам