Јас сеуште се немам одлучено како, што. Но се мислам за е- бизнис. Ако веќе се одлучам за тој смер, се надевам дека ќе има некоја феминка која ќе ми разјасни некои работи околу него Може уште од сега да почнете со пофалби и критики, за да ми биде полесно да се одлучам Во ЛП секако, да не ја трупаме темава
Или на таблата каде што пишува прва година (таму сега ги ставаат резултатите од сите години) или на таблата каде што го пишува товјот смер.
Ако може некој да ми каже прашања по трговско право што ви се паднаа на колоквиум ај ве молам фала ви однапред
Здраво на сите, Ве молам ако некој има презентации по АГРАРНА ПОЛИТИКА за втор колоквиум, а воедно да прашам дали има шанси управувачко сметководство да ја намали границата, при бидејќи имаше многу паднати. Поздрав
еве јас ќе ти кажам, ако стварно го сакаш тоа нема да згрешиш, јас сум 4та година и воопшто не се каам бидејки учиме различни работи од другите и можеме само ние да се пофалиме со практична работа (разни проекти на реална оснава) учиш web design, ERP, правиш датабаза, маркетинг-комуникациски план,и многу други проекти....а можеш да се пофалиш со висок степен на познавање на Англиски јазик. И воопшто не е тешко. се надевам ќе одлучиш тоа што е најдобро за тебе. Секој си има различно искуство од смерот, но повеќето се позитивни!
Ќе бидам малку оф, но ми требаат луѓе од економски, за семинарски, по ревизија и трошоци. Ако некоја има и е расположена да ми прати семинарска нека ми пиши лп ќе и ги пишам темите и ќе бидам многу благодарна Фала од напред и од назад
По ова што ми го кажуваш, ми звучи интересно. А кога ти е нешто интересно и лесно, тогаш сакаш да го учиш. Благодарам на информацијата Полека но сигурно се одлучувам за да се запишам на овој смер.
Сакам да ги прашам постарите феминки малку да ме посоветуваат за вториот колоквиум по сметководство, од каде да учам, на што повеќе да обратам внимание ?!
Јас на втор колоквиум како сум се зафркнала што учев само од збирка со надеж дека ќе биде лесен како првиот. Учи комбинирано и од книга и од збирка. Малце е потежок вториот од првиот.
Здраво, дали кажа нешто денес за симнување на граница управувачко сметководство, бидејки имаше доста паднати, а ако не тие што не освоиле 50 бода дали идат директно на испит и каков е испитот одприлика. Благодарам и поздрав
Вториот е доста потежок од првиот. Првиот е цел од збирка, но вториот ... Ради тој втор колоквиум го замразив јас сметководството. Нема скоро ништо од збирка, учи од учебник само. И обрни внимание повеќе на амортизациите, од тоа ќе имате задачи секако, ФИФО и ЛИФО ... и земи си ги прашањата од Либро обавезно, од таму доста се паѓаат.
Ако има некоја што полагала прв колоквиум маркетинг кај Снежана Ристевска-Јовановска ако може да ми пише лп да прашам нешто, итно ми е