За упис на економски кои предмети од средно се вреднуваат? Како и да оди тоа? За упис колку просек треба и се тоа?
Финансиско сметководство на колоквиум ги дава задачите од вежбите ? И какви се прашањата со еден одговор или со повеќе и се надевам нема отворени
Колоквиумот опфаќа околу 24 прашања,сите се на заокружување со еден точен одговор.10тина прашања мислам дека беа теорија,другите се книжења.Либро и зоки нема да ти помогнат,дава некои слични примери како од збирка.Теоријата му е повеќе логичка,ретко да се погоди некое прашање баш како што го пишува во книга.Искрено јас не знаев како да го учам овој предмет,одев и на приватни часови ама џабе,многу ми беше тежок,го презапишав и го положив дури сега во август со неотворена книга,по логика некоја ги решавав книжењата.
Па слични се, некогаш му се полесни,некогаш потешки. И теорија треба да се знае бидејки има 10 прашања од неа.
Фала ти ,а за менаџмент има нешто помош прашањата од либро некако многу материјал ми се гледа и како е колоквиумот ?
Искрено прашањата од либро нема да ти помогнат воопшто, професорот е нов и дава нови, сменети прашања. Менаџмент само од книга учи со ред. Знам, голем е материјалот, набројуванките слични ама со повторување се памти.
A makroekonomija kako e za polaganje? Ocenka? Plus poeni nesto od prisustvuva i tie livcinja sto gi dava? Libro zoki? Kakvi prasanja otprilika ima i kolku? Fala vi
Девојки финансиски менаџмент ни даде домашна за финансиска анализа.. и сега треба само показателите да ги пресметам? Да не треба плус нешто да се напише, некоја споредба да се прави?? Фала однапред
Ке има отворени, тоа ке бидат задачите на зефир што ги има ставено, исти само со различни бројки. Друго ке е на заокружување, а со колку точни не знам.