Мислам дека треба се што е на зефир. Не сум сигурна, ама не би требало да става материјал за втор колоквиум.
Дали може некој ако е слободен да ми објасни повеќе околу првиот колоквиум Економија, што најмногу се паѓа, дали има некоја скратена скрипта или сл. ( зашто јас од книга учам а премногу обемно е и не знам како ке постигнам) И Трговско право исто ако знае некој Благодарам однапред
Zdravo, ako moze nekoj da spodeli iskustvo za Makroekonomija predmet od Ekonomski fakultet. Dali se pagjaat prashanjata sto gi dava kako testovi na cas i od libro ili mora da se uchi od kniga?
Трговско презентациите на зефир и прашања од либро вршат работа,а економија мискам дека некои глави кратеа многу колеги само од прашањата од либро викаат дека завршиле работа (јас немам такво искуство се изнамачив )Во секој случај оди редовно на предавање и слушај внимателно сигурно ќе ти олесни при учењето иначе прашањата се логички и невреди нешто да се учи на памет, среќно !!!
На што да се обрне внимание по предметите Промоција и Управување со производ? Каков е начинот на полагање ,што се паѓа најчесто..?
Девојки, методи на продажба имате информација до која страна ќе биде првиот колоквиум и начинот на прашања?
Некој нешто да кажи за Фискален и Монтерен систем на ЕУ.. дали е тешко на колоквиуми како и банкарство? Дали треба да се навлегува мн во детали или доволно е од презентации да се учи?
Трговско не е тежок колоквиумот поубаво е да положиш преку колоквиум зашто на испит дава отворени прашања. Учи од книгата вади си делови што сметаш дека ти се најважни и немај гајле.
Од овие предмети : Финансиско сметководство Основни на менаџмент Демографија МЧР По кој се носи книга на колоквиум и по кој се паѓаат отворени прашања ?
Демографија се носи книга и се користи 10-15 мин и сите прашања се на заокружување со 1 точен одговор. МЧР се користи книгата 30 мин само за кејсовите, нема отворени прашања, а тие на заокружување се со 1 или 2 точни одговори. Финансиско сметководство имаш т/н и на заокружување со 1 точен одговор. Основи на менаџмент тие на заокружување се со 1-5 точни одговори само не се сеќавам на колоквиуми дали имаше отворени прашања, на испит има 4-5 отворени.