Ај да ве замолам да ми даде некоја линк од е бизнис факултетот, да разгледам што предмети има низ годините. Поточно, ме интересира за математика, што има и како има
http://www.eccf.ukim.edu.mk/studiranje/ ... plomski/26 Еве овде можеш да видиш што предмети има.. ке кликнеш на опцијата Задолжителни предмети од десната страна.
LittleDevil математика имаш на сите смерови, едната иста е, сите ја полагаат, понатака од втора година се делат предметите!
мене ми е по малку страв од математикава, не ми оди баш најмногу...затоа за неа препрашувам. благодарам на двете.
одлуката е твоја, но нема што да се плашиш, ќе си одиш на вежби и ќе научиш, ако имаш и можност можеш да одиш и на приватни часови ( во групи се работи) и таму ќе научиш повеќе, но сметам дека вежби е доволно. Само упорност и вежбање, математиката не е толку тешка кај нас. Многу е битно да сакаш да се запишеш на економски, само така ќе успееш! ти посакувам среќа.
А може ли мене некој да ми каже за Менаџмент, многу ли е потежок, вториот колоквиум од првиот? Имаме мн помалку време за учење на 20ти е веќе колоквиумот, паника ме фаќа, а ако е потежок од првиот јас незз што да кажам со оглед на тоа што во втората група кај мене беа НАЈЗАЗБУТАНИТЕ набројуванки, од истражувања од безвезни работи сосема. Ај ве молам некоја со искуство? Тенкс однапред
Девојки да прашам можна е размена на студенти на овој факултет? И како оди тоа може некој да ми објасне плс?? Што треба да се плати, ај повеќе информации?? А стипендии за во странство ми се чини не даваат на семстар, година така??
Мене лично ми беше потежок, а и не му посветив доволно време и го паднав втор, па бев на дополнителна. Искрено многу се каев што не си отидов на испит во јануари, туку што одбрав дополнителен, пошо испитот беше многу лесен, а дополнителниот потежок и од колоквиумот беше. Плус на испит ги дава истите кејсови од колоквиумите, па на нив можете да се извадите.
Кога сме кај менаџмент- може ли некој да ми ги каже кејсовите и одговорите од прв колоквиум тие што полагаа од 8?
Мене ме интересира општо за економскиот факултет во Скопје.. дали е тежок факултет? кои предмети се изучуваат? и како вие се снајдувате на факултетот? позз
Гураме некако, еве си помагаме прашања, презентации, полагања ова - она....иде. Предметите се различни и зависат од смерот кој ќе го одбереш. Има и лесни, тешки, за некој ќе се помачиш неколку сесии, на друг со едно читање ќе положиш и така.
Здраво, може некој да ми каже ,што треба да се учи за втор колоквиум по управувачко сметководство, и дали има некои страни прескокнато. На зефир има презентации за глава 6 и 7 но тоа е заедно со сметковдство на трошоци па не ми е јасно. Благодарам и поздрав.
Ај на некој ако не му е мака, нека ми напише нешто повеќе за вториве колоквиуми по Финан. сметко. ФПИ и макроекономија, на што да обврнам повеќе внимание?
зависи од предметот или идеш на испит дирекно или може да пушта да идеш на втор колоквиум ама после на испит да полагаш прв
Да ве прашам - сметководство вториот колоквиум ист е по форма со првиот? Односно дали соодносот прашања со задачки за книжење ќе е ист? За да знам дали да обрнам повеќе време на теоријата или книжењата.
Девојки, ако има некоја што има изработено стручен труд или било каков проект за менаџмент на мал бизнис нека ми пише ЛП ако може