Ај ве молам мислење за е -бизнис како е за учење,од што се учи , какви се колоквиумите ? И некој лесен изборен за четврти семестар да предложите
Не треба да се носи лаптоп на предавање, часовите се одржуваат во лабараторија со комјутери. Исто така не е задолжително присуство, но доколку си присутен на крај ќе ти помогне со оцена. Многу е добра професорката и многу убаво објаснува.
Дечки ај просветлете ме, имам 2 предмета за презапишување од 6ти семестар, од друга страна имам 3 задолжителни во 8ми семестар. Колку што знам предност имаат овие два што ми се за презапишување, е сега од овие 3 можам 2 да запишам и да имам 4 задолжителни или не можам?
Ќе може некој да ми каже за предметот основи на менаџмент каков е на испит? Дали е на заокружување или отворени има?
Се учи од учебник, на англиски е, ако знаеш јазик нема да имаш проблем, мене лично ми беше доста интересен. Колоквиумите се на заокружување и неколку отворени, да пишеш на пример некоја дефиниција или да објасниш. Можеш да направиш и презентација/проект што носи дополнително бодови.
Здраво,имам неколку прашања ако може да ми помогнете. Прва година сум,во случај да немам положено три предмети може да запишам летен семестар?И ако може што понатаму, кога се полагаат тие од зимски семестар?
Секако дека можеш да запишеш летен семестар, а тие што ги немаш положено од зимски имаш право наредни три испитни сесии да ги полагаш, ако не ги положиш до запишување на нареден зимски семестар ги презапишуваш со тоа што ако си во државна квота и немаш положено 50% од предметите паѓаш во приватна.
Здраво, прва година сум на департман е-бизнис, ако може некој да ми каже кои се задолжителни а кои изборни предмети сега за летен семестар. Гледав на страницата на економски но таму има само два па некако се малку. Благодарам однапред
тоа се задолжителни - тие пријави ги.. и плус два изборни треба да земеш.. најчесто организациско и еколошки зимаат но сепак ти разгледај си.. исто така и задолжителните треба да се пријават
Без да се размислуваш организациско и еколошки менаџмент. Еколошки има прашања од либро истите се паѓаат, имаш поени од присуства и семинарски. Организациско е полесен, се полага на заокружување на колоквиум.
Женски англиски 2 некој има учено? Лесен ли е и дали се добива 10? Презентација и присутство дали требаат?
Интернет маркетинг некој да сподели искуство? Кој предава, дали е задолжително присуство, дали е обемен и тежок материјалот? Како се полага?
Интернет маркетинг за изборен? Никако Предавањата се на македонски, колоквиумите на Англиски а плус имаш и задолжителен проект кој бара мн посветеност. Овој предмет го предава професорот Димитар Јовевски.