На заокружување... ама точни се од 1 до 5 одговори значи може еден, два, може и сите 5 да се точни. Ама прилично е лесно и мал е материјалот.
Вовед во економија на животна средина прашањата од либро истите се паѓаат прелесно е... не се многу прашања. Плус поени од присуство и презентација се добиваат. Само што ако сакаш од книга да учиш, книгата е докторат на еден од професорите и тешко се разбира материјалот.
Како што прочитав од другите, не бил многу тежок, книгата била околу 300стр. и ја давала за време на полагање, во глобала имало теорија, формули и некои графици, додека присуството било само за плус поени.
Корпоративно е префрлен на постдипломски Анализа на времески серии се полага со книга и е лесно. Патем, Организациско на испит е тешко. Дава отворени есејски прашања кои што мора да се одговорат 3\3. Доколку се одлучите, полагајте преку колоквиуми. Јас да прашам, може ли да се смени изборен предмет што предходно бил сменет?
Спорт што имаме во втор семестар,задолжително е?Дека гледам дека не носи кредити а морало да се земе потпис,и дали може како и другите предмети ако не земеш потпис дека немаш редовност и спорт да си го платиш 500 на сметка на факултетот?
Кога се пријавував на iknow, за 2 семестар задолжителни предмети ми ги даде статистика, спорт и уште еден, ама на тој пишуваше дека е за 4 семестар Е сега, дали мора да го земам тој или можам да земам 1 задочжителен( статистика)и плус спорт и другите 3 изборни?
Вон прашање но ме интересира каков ви е начинот на учење?Зашто од кога се запишав на економски све едни исти резултети вадам.Предлог, совет?
Па теоријата од ја секогаш го вадам најбитното некои предмети имаат премногу за набројување и тоа ме нервира, за задачи најчесто одам на приватни часеви за да ми олесни решавањето и решавам неколку типа на задачи што најмногу се паѓат не се, па за задачи лесно ми е, теоријата ми е слаба страна, морам да вадам најбитно што е а и плус предавања дека некад знаат тоа шо најмалку го очекуваш да ти го стаат у тест
Јас прашував на студентски за тоа дали е услов да имаш изборни предмети од другите факултети и ми рекоа дека не е услов.