Па не верувам дека завршил, денес прв пат давал потписи Добро ајде се надевам може, затоа што помнам на почеток на година рече јас коа ќе кажам тогаш давам потписи, а ни кажа ни ништо
Не се сеќирај, речи не си носела индекс а си била на предавање, барем кај Љубиша е лесно... Значи и на нас утре финансиско сметководство ќе ни дава... Не се сеќирај, ќе ти даде...
Би ја замолила колешката miljkovic или било кои други feminki ако се секаваат на прашањата од втор колоквиум основи на менаџмент да ги пишат прашањата.
1.Процесот на мотивација 2.Фкатори кои влијаат врз однесувањето на идивидуата 3.Фрустарцијата е блокирана мотивациска енергија која овозможува остварување на потребата(Т/Н) 4.Идентификување на ЕРГ теоријата( Егзистенционални потреби, Потреба за сродство, потреба за растеж и дадени беа дефинициите за овие, ама беа исти како што се во книгата немаше погрешни зборчиња) 5.Фактори на задоволство(мотоватори) 6Карактеристики на менаџерот кој сака моќ 7.Позитивно засилување е пријатна и наградна последица од саканото однесување(т/Н) 8.Потребата од контролата 9.Превентиваната контрола се фокусита на човечките, материјалните и финансиските ресурси кои влегуваат во п-то(Т/Н) 10.Финансиските стандарди вклуцуваат задачи за т/ците на производите, саканото враќање на инвестициите, нивото на ликвидност, нивото на задолжителност(Т/Н) 11.Карактеристиките на програмираните одлуки 12.Карактеристики на класичниот модел(стр. 310/311) 13.Предности на групното одлучување 14.Фази на општесвената пдговорност 15.Пирамидална корпоративна општесвена одговорност 16.Кои се идивидуални права 17.Whisle-blowing од невработените на некоја неправедна, неморална или незкаонска практика во о-та(Т/Н) 18.Начин на започнуање со мал бизнис 19.Пимарни корисници на бизнис планот 20.Дискунтинуитет е добровона одлука на сопственикот да престане да работи(Т/Н) 21.Четиридомензионален модел 22.Карактерот на бизнисот со кои започнуваат жените претпримеачи 23.Проблеми со кои се соочуваат етичите претпиемачи(табела 14.7 стр 400) 24.Принципи на ОЕЦД 25.Според законот за ТД во Р.М кај едностепениот систем одборот на директори е поделен на:-Внатрешни и надоворешни....-Извршни и неизвршни....-зависни и независни(овие ви се понудени имаше уште две ама не ми текнуваат кои се) 26.Улогата на одборот на директори 27.Видови комитети на одборот на директори 28.стр.402-кои се проблемите на компанијата? 29.стр.381-За каков вид на претпријатие станува збор?
Еј здраво Феминки ИТНО ми треба професор по Математика, Ве молам ако може да ми пишете т.е. да ми предложите некој добар професор Фала однапред
Само Баже, побарај број во Colleagues. Јас одев кај Петар, ама воопшто не бев задоволна, а од кај Баже највеќе имаше положени.
Пред некое време зборев со една колешка ваша и ми рече дека многу се зезнале затоа што мислеле дека Петар има огромни врски и само ако одиш кај него на часови и ти е положен испитот. Затоа имало помалку положени од кај него. Таа беше премногу задоволна, ми рече дека да не бил тој немало да положи математика. Инаку, јас Петар го знам лично (макар да никогаш немам одено кај него на часови), ама е еден од најборите (ако не и најдобар) во економска математика и техничка математика 2 на Балканот.
^ Мене малце послабо ми идеше математика, ама се трудев, вежбав и тогаш јас кога полагав Петар беше најпопуларен и ај си викам ќе одам кај него. Како прво многу ме нервираше што сакајќи да не придобие половина од часот поминуваше во вицови, зафркавање. Од начинот на објаснување бев најмалце задоволна и многу ме нервираше кога ќе го препрашавме за некоја задача, почнуваше да ни се дере во стил па нели ви го објаснив прошлиот час тоа Можеби сега кога излегоа повеќе што држат приватни часови омекнал, али Баже е најфален од сите. Многу добро објаснувал и гледам на групата на фб од Економски дека сите него го препорачуваат.
При бидејки пратив на ЛП но немам сеуште ништо, Libera ако може презентации и прашања за втор колок. по аграрна политика прати ми ги на temelkovskav@yahoo.com Ти благодарам однапред и поздрав
Девојки дали некоја од вас има материјал за Екстерналии ? Или пак да ме посочи од каде да се снајдам?
Феминки-колешки, ми треба информација за тоа кога лани во јануарска бил испитот инвестиционен менаџмент? Благодарам
Колеги, на сите што ви пратив презентации аграрна...сум направила една грешка.Презентациите се ок, а документот "аграрна2" по грешка сум го ставила. т.е. тоа е од прв колоквиум. Сега ви го пратив вистинскиот документ "аграрна политика 2 колоквиум". Проверете си ги мејловите. Ви се извинувам.
Колешки сите ме испоплашија, аман бре толку ли е тешко сметководство на втор колоквиум?! Дури почнувам да губам желба за учење сите ми зборат тестот ужас, табели ова, табели она, задачи за амортизација.... дај некој нека ми даде совет, мислење, што како да правам?
Тежок е вистина ама не и невозможно... Јас учев 2 дена пред колоквиум, бидејќи повеќе ги спремав економија и МАТЕМАТИКА... И положив со некои 84-5 поени... Ама јас имам економско завршено во Борис, така да тоа ми беше голем плус, а инаку за тешко, потешко е од прв колоквиум, бара учење од учебник не од збирка, ама се е што има во книгата ништо надвор од тоа.. Со среќа