Знае ли некој микро потписи кога ќе дава ? и Деловна етика дали ќе треба до крај за 2 колоквиум,и кога потписи ?
Девојки, како треба да изгледа, за што отприлика треба да истражувам кај семинарската маркетинг кај Снежана? Сакам нешто со банкарски услуги, ама не знам како да почнам, каков наслов
Колешки дали ке може некоја да ми прати семинарска што има изработено по економија не е битна темата, чисто да видам како треба да изгледа.
Девојки може ли да ми кажете на што е конццентриран поточно вториот колоквиум по сметководство?Дали и колку има теорија на колоквиумот?Слушам дека овај ќе бил со повеќе задачи и книжења.позз
Девојки може ли да ми прати некоја од вас примерок за семинарска ако имате во компјутер? Не е битна темата само да се водам, за да ја направам мојата ?
Здраво девојки, сакам да ве прашам дали ќе има многу за книжење сметководство на втор колоквиум? зошто во прашањата од Зоки и Либро нема многу за книење....
Нема книжење ко книжење, туку имаш пример со дадени одговори само да си заокружиш,какво би било книжењето, има такви во прашањата од Либро.
Ај да ве замолам некој од повоздрасниве, да ми кажите на што да обврнам најмногу макроо, на тема и дали нешто се паднаа од тие оддомашните???
Кога јас полагав макро (тоа беше пред две години) имаше доста прашања од домашните, дури и доволно да се положи со минимум поени. На последен колоквиум имаше и пет прашања на раскажување, од нив беа два графици за цртање и објаснување (мислам дека еден од нив беше IS/LM моделот, ама не знам точно може и да грешам). Ако е истата книга, таа преведената, знам дека малку имавме проблеми со апрецијацијата и депрецијацијата, и се што беше во врска со девизниот курс (заради британскиот начин на нотирање), па нас се ни доаѓаше обратно. Тогаш имавме три колоквиуми, па така да може сега да се поразлични тестовите. Ако се сетам на некои прашања ќе ви пишам. Морам прво да ја најдам книгата. поззз
Ќе замолам ако има некоја колешка од прва година,да ме информира кога можам да земам потписи од Драге,Зорица Б.,Предраг и од професорката по англиски?
Ќе си појдеш на предавање и тие даваат потписи и ќе ти дадат, што е подобра варијанта, а ако се расположени можат да ти дадат и во кабинет. На пример Драге и Англиски сигурно ќе ти дадат и во кабинет, ама зошто да ги бркаш кога можеш фино да отидеш на предавање и да завршиш работа