Извинете само да прашам ако има некој што знае и што го учи годинава Економски системи и глобализација да ми каже дали е уште истата книга од Љубица што беше пред неколку години или е сменета некоја друга пошто гледам Трајко го предава сега предметот а не она. Јас сум на вонредно, го имав неколку години ставено во мирување факултетот и тој предмет ми остана неположен, го пријавив сега за во септември па да знам дали да учам од истата книга или да купувам нова. Благодарам однапред колеги.
Размислувам да се запишам на економскиот факултет скопје, сакам понаатаму да работам како менаџер.. искуства ве молам
Девојки сакам да поништам оцена. Дали ќе биде во ред да му пишам на професорот маил за да ми ја поништи оцената? (На александар наумоски за финансиски менаџмент)
Здраво Наука за менаџмент резултати дали има?.. И сакам да прашам и јас за поништување оцена.. Дали треба да е напишана во индекс за да ја поништам?
Иста желба имаме. Многу ми викаат демек тоа е џабе губење време, менаџер можеш да бидеш и без факултет.. Ама па во никој друг факултет не се пронаоѓам, единствена желба ми е менаџер. Долго време се мислам, некој ако има да сподели искуство би било супер.
Ок. Фала ти. Да не знаеш случајно резултати од МЧР казнена резултатите , сигурно се објавени на факултет ама не сум од Скопје и неможам да ги дознаам , да не имаш некоја информација ??
На кој смер отприлика на економски доаѓаат кандидати со помалку бодови, околу 75 или 80 ? Смер маркетинг, колку бодови се потребни отприлика и дали остануваат слободни места во втор уписен рок на овој смер ?
Здравоо дечкии, оваа година би требало да се запишам на факултет па ме интересира во врска со еден смер од Економски Факултет а тоа е Е-Бизнис, ги разгледав одговорите дадени во групата ама сепак не ми е многу јасно. - Дали факултетот е снабден со соодветни компјутери и наставни програми кои ќе овозможат соодветно знаење за во иднина? - Дали има пракса на смерот Е-Бизнис или на било кој смер од факултетот? - Дали има само непотребна теорија без соодветни вежби вметнати во програмата? Благодарам однапред