Општо знаење за да стекнеш и тоа убаво треба добро да се запотиш. Пракса мораш летно време, а стрикно за смерот не знам А за непотребни работи за учење има еден тон
Моја блиска сака да се запише на факултетов на смер Сметководство и ревизија.Ме интересира некој што студира на тој смер или што дипломирал да каже каков не начинот на студирање,полагањата дали се усно или писмено,материјалот за учење од каде може да се најде и сл.
Јас сум на тој смер, ако сака да се занимава со бројки за смедководствени пресметки, конти, книжења, задачи и теории ќе го загрее столчето. Ова е најтешкиот смер на економски се е писмено барем до сега, материјалот е од либро скоро се сум купувала од таму и од приватни часеви
Ти благодарам на одговорот.Како што знам она нема проблем со математика само јазици баш не и одат т.е разбира англиски не е дудук ама не сака да учи.А мислам дека се учи некој странски јазик.Ако можеш да споделиш кој јазик го учевте и дали е задолжителен или изборен.Можеби твојот одговор ќе им помогне и на други членки што сакаат да се запишат на овој смер.
Најтежок смер на економски факултет е финансиски менаџмент и таму има многу јака конкуренција. И на сметководство е тешко и треба редовно учење.
Кои услови треба да се исполнат за да можеш да промениш департман? Знам дека се поднесува молба но дали одобруваат?
Здраво на сите од Економски Се мислам за запишување на Економски(Е-бизнис) и да студирам вонредно и да работам истовремено.Моментално не ми е силно донесена одлуката дали конечно ќе биде запишување на Економски или опција е и Правен Факултет ....Имам 28 години и задниве 9 години се лекував приморано здраствено и пропуштив прилика (спречен) за факултет заради таа причина. Што ме кочи во одлуката за Економски е што имам слабо знаење за математика,имам големи дупки во знаењето. Но имам добра основа во линеарна алгебра,тригонометрија која е подзаборавена . Што да правам,дали да одам или не? Знам дека има само во прва година,статистика и економска математика .Појма неам од изводи,низи,интеграли итн .... Што да превземам чекор ? Тешко ми е. Да идам приватни часови(ако имате од некој тел. број за часови) и да се запишам и не паничам.Не ми се проблем пари.Проблем ми е што ќе имам многу притисок . Или да одам на (правни студии) на Правен (финансово дело) .... Помагајте ..... Благодарам за помошта ....
За е бизнис нема многу математика. Повеќето од предметите ти се на англиски и ако знаеш ќе поминеш. Не е нешто тешко. А за часови по математика има што даваат приватни часови, нон стоп објавуваат во групите на фејсбук. Види само кои предмети ти се на правен кои на економски провери ги и види кои би ти одговарале повеќе. Со среќа
Здраво, Дали некој во скоро време има магистрирано? Ме интересира кога ќе се достави трудот на професорот за забелешки за колку време одприлика ви враќаат (слушнав околу 2 месеца требало за колегите од департманот да дадат забелешки?!?!?!)? Исто доколку некој знае кога се враќаат од одмори професорите. Лани мислам дека околу 10 август веќе беа на работа. Фала ви
Планирам да се запишам на факултетов па ме интересира колку предмети има математика? И дали во сите смерови е иста?