Здраво женски. Да прашам вака за по нови информации во врска со испитот макроекономија? Знам дека последниве години во август има само отворени прашања, бара графици за се и има една задача за бдп. Дали некој знае кои прашања ги повторува, колку има и слично? Фала.
Здраво форум. Некој/а да сподели информации за втора година на смерот маркетинг како е, дали сè е теорија, колкави се книгите, што изборни предмети да се одберат и секако какви се професорите. Фала.
Најтешкиот смер! Еве јас од искуство.Запиши се ако го сакаш тоа!Скоро се може да се научи но е многу понапорно од другите смерови. Иако премногу се форсира смерот финансиски менаџмент и сметководство и ревизија воопшто не значи дека се најтешки бидејќи не се!Менаџмент е најтежок. Тие студенти не можат да положат скоро ништо од нашите предмети кога ги земаат за изборни. Тоа ќе ти го кажат сите објективни студенти од тие смерови и сите професори. Тргни од фактот што предметот финансиски менаџмент, ние го учиме во втора година а нивниот смер- финасиски менаџмент, го слуша во трета, имаме и маркетинг што е еден од најтешките на смер маркетинг и две сметководства од една од најлошите професорки на смер сметководоство и многу тешки предмети што ги нема ниту еден друг смер освен нашиот. Многу е интересно, со учење се гура воопшто да не се плашиш а тоа што ќе бидеш на најдобриот и најтешкиот смер нека ти биде додатна мотивација. Ги имаме и најквалитетните професори, најголем број од деканите доаѓаат токму од овој смер! По мене, најугледен! Препорачувам!
Не студирам на овој факултет, но по кажувања од студентите најтежок е финансиски менаџмент и сметководство и ревизија. Имаат многу задачи за решавање во предметите на овие два смерови и многу за учење, не само теорија туку и задачи. За смерот менаџмент имам слушнато дека беше тежок дури беше шуклев професор. А сега не е така. И на овие смерови аплицираат ученици со највисоки поени.
Јас студирам тука А родената сестра ми е на финансиски, така што... Да не објаснувам понатака зошто најмногу аплицираат таму и зошто најголем дел од нив завршуваат со висок просек а спремаат испити во неколку дена. Единствено попроблематичен предмет им е фискален и монетарен систем на ЕУ. Дури и маркетинг каде што се учи само теорија е далеку потежок смер од финансиски а за менаџмент да не коментирам- симбол за хаос од задачи по 90% од предметите + набројуванки на секоја страна кои се учат од збор до збор зашто дури и буква знаат да ти сменат. А за твоја информација, економски е факултет каде што студентите се вадат на задачи бидејќи тоа не се комплексни задачи туку пресметки (според мои критериуми, нели). Поздрав!
Знам многу студенти од сите смерови на економски и сите кажуваат дека најтешки се тие два коишто јас ги споменав. И немам слушнато дека некој спремил испит за само неколку денови, земи го за пример макроекономија, не знам дали си го имала тој предмет. И задачите не им се пресметки туку има комплексни задачи кои бараат доста увежбување и одземаат доста време (задачи од предметот локални финансии). Многу студенти се откажуваат од овие два смерови бидејќи се најтешки. А за маркетинг смерот буквално воопшто не е тежок, може имаат проблематични професори, а материјалот што го учат не е тежок. Сепак секој смер си има своја тежина. Поздрав.
Сеа испадна дека неколку смера има потешки од финансиски. Знам колеги од менаџмент и за кој било предмет да ги прашам ми кажале убаво научи ја книгата и немаш проблем. За разлика кај нас што ем не дава тестови од материјалите од книгата, ем прашањата не се школски ко Кажи дефиниција, наброј фактори итд. Банкарство е еден од најтешките предмети и ќе напоменам еден од најтешките што не значи дека нема други исто тешки али да не се форсираме кој смер е потежок ако вие не сте имале предмети од нашиот смер.
Од тоа што кажуваат студентите менаџмент е потежок заради набројувањата кои се премногу, ама ништо страшно. На финансиски и сметководство има предмети кои имаат доста сложени задачи. Исто така за овие два смета треба логика и трпение за решавањето на задачи. Предметот менаџмент на човечки ресурси имам слушнато дека е еден од полесните предмети и го земаат како изборен од други смерови. Сепак секој смер со своја тежина.
Тоа сакав да кажам. Секој смер си има тежина. Затоа и кажав дека се вбројува Банкарство или други предмети од фм во потешки бидејќи и некои предметите од др смерови се исти тешки. Човечки ресурси и јас го имав и ми беше лесен ама е доста поучен и интересен, така да се си има предност. Членката горе праша за менаџмент конкретно. Има набројуванки и теорија во главно али е доста интересен.
Еве ме и мене со триста дилеми, најпрво планирав да се прфрлам на др факултет, сега па сум на мисла да го сменам смерот, јас сум на финансиски менаџмент, се мислам дали да се префрлам на некој полесен смер, но незнам на кој. Студирав вонредно, но од некои причини ми е ставен во пауза, дајте некој совет за полесен смер или да си останам на финансиски менџмент. Барам полесен смер дека надвор од ск сум, со дете, мажена и работам.
Dali nekoj moze da kaze iskustvo od kaznena sesija od predmetot Osnovi na ekonomija?? broj i vidovi na prasanja i zadaci dali od ovaa ili prethodnata godina? odnapred blagodaram