А нешто за насоката менаџмент, ми имаат кажано дека е претешко и еден од најтешките на економски факултет
Јас студирам на финансиски менаџмент, земав 2 изборни предмети што на насоката менаџмент се задолжителни(стратегиски менаџмент и менаџмент на мал бизнис) и беа многу лесни. Сите предмети на смер менаџмент се сведуваат на учење на памет, нема задачи во предметите и ништо не е комплицирано. Најтешки смерови се финансиски и сметководство, каде има комплицирани предмети со логика и задачи, а на испит и колоквиум се паѓаат прашања кои со логика треба да се одговорат, а не едноставни набројувања од книга.
Ке може ли некој да каже нешто за Аграрна политика, Општествено богатство и Родот и спортот како изборни предмети
Општествено богатство јас го имав лани и лесен предмет е. Дури имаше и прашања од Либро кои се паѓаа на тестот.
Девојки, дали имате искуство со предметите: -родот и спортот -одбојка на плажа -олимпизам Кој е најлесен? Какви оценки имате земено? Фала ви
Снежана е мн зафркната жена, имам една пријателка уште еден предмет има кај неа не а пушта а дипломска девојчето пријави и се.. Другата ми е другарка ама на машински и кога го имаа маркетинг како изборен сите ги кутна, едвај полагаа на испит едвај..
По старата програма е задолжителен за сметководство во петти семестар, ама сега сменета е програмата и не знам дали се уште е задолжителен. Не знам кој го предава.
prodavam: -osnovi na Smetkovodstvo original kniga -osnovi na ekonomijata original kniga -delovna etika kniga kopija
Јас би ти предложила одбојка на плажа, или пак ракомет на плажа, нема предавања ќе отидеш еднаш два пати кај проф. и ќе ти даде оценка (10), олимпизам ги тераа проектна да направат и после проф им поставаше прашања за неа. Родот и спортот не се сеќавам, али би те советувала да одиш кај што има помалце студенти, зашто полесно десетки пишуваат.
Што треба да се има за вториов уписен рок на економски освен државјанство, диплома со сведителства и извод (муабетов ми е за уплатници и сл.)