Не е тежок материјалот ама е обимен. Голема е книгата, така да подобро учи го со време да го положиш на колоквиум, мада се полага и на испит. За првиот колоквиум прашањата се скоро се теорија, задачи имаше една, две. Е за вториот мора да знаеш и теорија и задачи, задачи ке има доста и се вадат многу поени со нив. Без задачи не можеш да го положиш. Александар е добар професор, фер е. Колку што слушнав дава поени од редовност и лани ги пуштал на втор колоквиум тие што паднале на прв за малку, ама само редовните студенти. Така да иди си на предавања обавезно.
Дали некој може да ми каже дали се положува кај Владимир економија со учење само од прашањата? И ако да кај можам да ги најдам одвоени оние за прв и оние за втор колоквиум
Јас мислам дека сепак треба учење од книга, некои прашања ги дава збунувачки и ако не си прочитал се убаво тешко е да ги решиш. Во либро инаку има прашања.
Кај Гоце, буквално сите бевме. Баш убаво објаснува и го поедноставува материјалот.Нема потреба ни на предавања да идеш, само незнам дали уште држи часови. Мислам дека беа по 6 час од колоквиум, а за цената не се сеќавам. Кај Мартин исто идат али доста не се задоволни.
Имаш број или фб од Гоце? Сакам да го контактирам да видам дали уште држи часови. Фала ти многу иначе