AJ be molam iskustvo za javni finansii prv kolokvium, na Sto da SE obrati ppvekje vnimanie, vonredno sum Fala unapred
Прашањата на заокружување носат вкупно 70 проценти, а задачите 30 проценти од тестот. Во прашањата најчесто има да се реши и некоја кратка задача, а задачите најчесто се биланс на успех, на состојба и некои книжења.
Да, скоро за сите предмети. Многу помагаат за полесните предмети - деловна етика, трговско, еколошки, е-бизнис.. А до некаде можат да помогнат и за сметководство и економија. Ама обично не е доволно само од нив да учиш, треба барем малку и од книга/скрипта да прочиташ.
Здраво дали некој може да каже ако знае што е со новиот закон за нас од УКИМ се воведува системот од УГД, со задолжителни предавања и ред др работи. Гледам полека сите почнале да се жалат, дека некои се вработени, мажени-женети или се во странство
Здраво може ли некој да каже дали прашањата што се на крајот од секоја тема за утврдување на знаењата помагаат за колоквиум? Прашувам за Економија прв колоквиум
Здраво, и јас сум вонреден студент. Колку што се сеќавам Јавни финансии имаше презентации, а книгата е многу добра. Ќе ги учиш презентациите и од нив ќе гледаш што треба од книгата. Нема посебно нешто на што треба да обрнеш внимание. За да видиш какви се прашањата, земи ги од Либро.