^ Не ми се верува да ти даде да преполагаш за еден поен, ама ние само можеме да претпоставуваме. Најдобро е да и пишеш еден меил на Ангела или оди и на факултет и прашај.
Да се надоврзам на муабетов. Дали може Трговско да правиме семинарска, и дали става оценка плус (мене ми требаат 3-4 поени) ?
Утре Еве го маилот, angela@eccf.ukim.edu.mk... За од 1-4 поени минатата година даваа есеј да се пишува на време на испитот, е сега незз, ама сигурно е исто и годинава, нема потреба да преполагаш...
Kолешки Блажо Недев вратен ли е од пат?? Никогаш не можам да го најдам во канцеларија, разбрав дека е на пат, да не знае некоја од вас кога се враќа или дали е вратен?
Дали дозволуваат на економски предвремено полагање во јунска сесија за тие што одат во Америка?Шулев на пример дозволува ли?
Предвреме до сега не сум слушнала некој да полага, посебно не кај Шуклев. Ако мислиш на казнена сесија, има да, ама таа за жал не важи за студентите кои студираат по нова програма.
Може ли некој да ми каже како е на испит на: Основи на економијата и Основи на сметководство ? што прашања се паѓаат, колку е поразлично од колоквиумите, дали пак е со заокружување ... плиссс
Сакам да прашам кои предмети можат да се полагаат на матура за на економски? на листата пишува само 2 предмети по избор на ученикот, нема наведено предмети како на другите факултети што си има..сега дали може на пример физика да полагаш иако не се учи на економски?
На заокружување се и двата, мене Сметководство ич не ми беше тежок, а Економија положив со прашања што се паднале на колоквиумите. Горе-доле истите се вратат, плус земи си прашања од Либро за да видиш какви задачи се паѓаат Сметководство.
Јас учам медицинско, а планирам да одам на економски, и пошто кај нас се бираше 1 стручен предмет, јас го одбрав рехабилитација, а од другите предмети го одбрав бизнис, то ми е најблиску до економски А од екстерните ги одбрав македонски и англиски, да не требаше математика да полагам, има некаква врска?
Абе да, може кој предмет сака тој да го избере ама јас мислам дека при запишувањето предност ке имаат прво тие што полагале предмети кои се од областа на општествените науки.. Не се секавам баш, ама мислам дека така беше..