На кој маил може да го контактираме факултетот? Имаше објава некоја за таков маил ама ми се загуби...
Здраво, дали знаете каков е принципот на оценување по предметот осигурување? Дали без проект и присуство може 10 или мак е 8 (без проект и присуство)
Дали сте приметиле во календарот на активности пишува августовско септемвриска сесија во почетокот на јули , дали е ова грешка или ова би била втора сесија во јули , не можам да разберам
А дали има претерано многу математика на факултетот.Мислам знам дека мора да има но дали сто посто од материјалот е само математика или има така така математика?
Не сум којзнае колку по математиката ама ми се свиѓа Економијата онака ко наука па затоа прашувам...Фала ти
@MitMax Ниту еден предмет не е толку тежок да не може да се положи со малку повеќе труд. Тајната е во повеќе полагања.
Хахахахахаха... Што и да е со учење бубање можам а го научам.Ама со математиката не сме толку добри пријатели.Јас 5ка имам ама некако поише сум по бубањето.Нема врска само ме интересираше онака и затоа.Уште доста фурни леб имам јас до факултет хахаха
@MitMax Во прва година сите смерови имаат исти предмети, што значи имаш математика и статистика. А за понатаму е различно, но Финансиски Менаџмент и Сметководство се смерови со најмногу предмети кои подлежат на решавање на задачи.