Ај нека сподели некој искуство за Организациско однесување... дали е тежок предметот, колку страни е книгата, како се полага на колоквиум/испит и дали е задолжително присуството?
Јас сум на сметководство втора година и ме интересира дали знаете 1 или 2 предмети сега ке треба да бирам... и максимум до 35 кредити?
Девојки, дали некоја од вас го има слушано Монетарна економија и Јавни финансии, овој семестар ми се редовни па сакам доколку може некој да ми каже, дали треба редовност, како се учи што се учи и кој е потежок за повеќе внимание да му обрнам...
Дали некој кој што го има полагано информациони технологии дали има материли кои сака да ги сподели или било какво искуство...фала однапред
Дали има некој информации за некои од предметиве Управување со резултати, Управување со промени, Теорија на одлучување... Дали се лесни, на кој начин се полагаат и сл.?
Можеш да запишеш семестар и само со еден предмет односно 6/7/8 кредити, за минималниот износ нема ограничување
Повеќе внимание посвети на јавни финансии. Мене Атанасовски ми предаваше и колоквиумите беа прилично тешки (прашањата беа многу двосмислени), сега Михаил предава не? Монетарна на колоквиум е многу лесно, прашањата беа општи дури бевме и изненадени. Испитот мислам дека беше на раскажување. Монетарна да си земиш тема за проект, по можност кај Елена, се земаат до десет поени од проектот (барем така беша кога јас полагав). Поззз
Пред некое време ги имаше истакнати квотите за 2012/2013 година на сајтот на УКИМ, за финансиски беше 174 вкупно, 113 мислам беа државна или 114 ако добро памтам. Ама сега не можам да ги најдам. Помош?
Пишуваше за 2012/2013 пишав, знам дека секоја година е различно, ама веќе го нема тоа. А го имам пастирано и на другарка еве го: Економски факултет 679 100/200 414 400 50 400 1143 економија 79 200 69 400 8 400 156 менаџмент 74 200 63 400 7 400 144 маркетинг 74 200 63 400 7 400 144 финансиски менаџмент 104 200 63 400 7 400 174 сметководство и ревизија 104 200 63 400 7 400 174 надворешна трговија 74 200 63 400 7 400 144 е-бизнис 50 200 30 400 7 400 87 Ете и претпоставувам ова значи за финансиски 104 државна плаќаат 200 евра, 63 приватна што плаќаат 400 евра нели. Последните 7 не знам што се.
Viiiiip, јавни финансии одев на предавања, не беа задолжителни ама пушташе понекогаш список за поени. Монетарна никогаш не отидов на предавање, професорот ретко предаваше. Асистентите почесто ги држеа предавањата.Не знам дали имаше списоци, ама на сите потпис даваа.
[/quote] Прашав поради тоа што ми рекоа дека не ќе сум можела да полагам на колоквиуми втор семестар има ли врска тоа.благодарам
Не не, нема никаква врска, втор колоквиум ќе си го тераш како и прв, тие од прв семестар предмети ќе си ги полагаш во испитна сесија во јуни, а и некои предмети од втор ако не ги положиш на колоквиуми исто во таа испитна сесија пак ќе ги полагаш
Ај кажете ми кој изборен да го земам втор семестар 1 год... нека сподели некој нешто тешко лесно присутност не ... Фала однапред