Да мораше лани да се купи 50€ е мислам ти даваат книга со опис на предмети и водичот и во него има некои битни информации. Не знам сега дали е толку. Повеќе е перење пари, ама ете Напиши на google: водич за студирање економски, прв ќе ти излезе тој од лани. Не можам да го прикачам тука
https://eccf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2020/01/VODIC-2019-2020.pdf еве некој ако го бара фала иначе Тие спобудалеле. На крај една година ќе искочи колку една година на приватен..
Луѓе, има ли некоја официјална информација од кога до кога е електронското запишување семестар ? Гледам на iknow дека дозволува да запишеш семестар и предмети...
Интересен е, но не е баш лесен, поготово не за изборен. Мене прв колоквиум ми беше потежок од втор. Пожелно е и да се оди на предавања, се паѓаат работите што ги зборува професорката и од квизовите. Сега се полага усно и мислам дека е потешко.
Ми го земаа индексот денес на уписи и не сфатив кога ќе го враќаат ни зашто го земаа Знае некој? Има некој што е на економија?
На првиот академски час ги даваат, треба во него да ти удрат печат, заверат семестар и други административни папирологии. А економија ти е воглавном глупости, на крајот на факсот ќе ти биде како ништо да не си научил, нема нешто од тоа што би применила во пракса утре на раб. место. Се е теорија, само еден предмет годишно ќе имаш со задачи. Среќа сега ги исфрлија некои предмети што беа преглупи и непотребни од претходната програма. Во целост не е тешко, под услов да не го имаат додадено менаџмент.
Здраво. Ме интересира за мислење за тоа кој од овие изборни предмети е најдобар извор и најлесен за полагање Економика на Македонија, Јавни финансии, Менаџмент на човечки ресурси,Меѓународни организации и интеграции,,Однесување на потрошувачите и Теорија на организација.
Јавни финансии воопшто не е за изборен затоа што е тежок и обемен. Менаџмент на човечки ресурси е лесен и е за изборен. За дригите не знам.