Го има слушано предметот интернет маркетинг и маркетинг комуникации ?доколку има некој било какви материали да сподели..Ви благодарам однапред
Колешки ако некоја имала искуство со изборниве, нека пише да помогне да се одлучиме кој да го избереме за летниов семестар. Поконкретно ме интересира за овие: - Економија на работна сила - Индустриска политика - Корпоративно управување - Односи со јавност - Управување со ризик
Пуфличе, вака, ќе влезеш на Филолошки и одиш десно, потоа од бифето нивно пак десно по ходникот, скрос до крај, скрос, и после ќе свртиш лево и ќе влезеш во ходникот со канцеларии професорски, и пак на крај скрос на крај, левата врата, ваљда ќе се снајдеш, пишува на вратата мислам... Ама најпаметно ти е да одиш во понеделник во 11 ипол да си земеш оценка, тогаш ќе земаме од испит, па многу полесно ќе ја најдеш отколку вака... Позз
Среќичка, има на страната за секој смер колку кредити носат задолжителните и изборните. Ќе идеш студии - додипломски па твојот смер. П.С. Дај предложете изборен за во летен семестар или кажете искуство со тој што сте го избрале вие.
Јас го имав социологија во прва година како редовен, и слободно можам да кажам дека поминав лошо. Тој ми е еденствен предмет што сум го полагала на испит. Ама за секој различно, јас неможам да учам такви сувопарни предмети, од никогаш не ми одело социологија. Професорот бара редовност и пишување есеи, а и малку е чуден Да не те заплашувам, за секој е индивидуално, некои колеги лесно поминаа. Ти го кажувам моето лично искуство.
Колешки по Статистика ми се падна проф.Драган Тевдовски добар ми изгледа дали добро објаснува? А Економика ми се падна некој Кире, не испосмеа цела група уште од прв час ама ми се чини ќе паѓаме како крушки
ДРаган е срце, најмил професор, јас имам многу убаво искуство со него, преубо предава, макар што јас ти препорачувам да одиш на вежби кај Марија...Статистика сака континуирано учење и немаш гајле Кире е таков и ќе ви е интересен првиве неколку часа ама после ќе ви е многу досаден, не го бива за предавање така да јас мислам дека е губење време кај него да одиш на предавање! И среќен почеток!
Некоја од вас да сподели искуство за предметите интернет маркетинг и маркетинг комуникации како е што е ... ??? Фалаа ви однапред
треба да одберам изборен предмет за летен семестар...се двоумев помеѓу следниве: јавни финансии користење апликации преку интернет монетарна економија организација и дизајн на веб сметководство на банки и др. финансиски институции ХВ и портфолио менаџмент Би сакала да го прочитам вашето мислење и се надевам дека ќе ми помогнете што да изберам... фала