Да, ќе ти прават проблем тетките на студентски. Иди кај професорката пак и речи и да поправи, нема да можеш да го запишеш семестарот додека не се регулира тоа. Среди си за да не те враќаат после од студентски.
Девојки јас студирам на друг факултет ама сакам да земам изборен сега во зимски семестар од економски па предложете некој полесен и некои информации за него, каков е професорот и како се полага итн
Дечки ме примија сега втор уписен рок,што треба да се однесе на дента на упис,што треба да се уплати,индекси,слики,инаку приватна квота сум.Ви благодарам
Партиципацијата се плаќа на две рати цело време, зависно од квотата половина плаќаш пред зимски семестар половина пред летен ако мислеше на тоа. На уплатниците секогаш пишуваме прва/втора рата за партиципација...
Лошо се изразив. Мислев на тоа дали сумата што ја плаќаме сега за зимски семестар може да се плати на рати? Другарка цело време така има плаќано ама сега да не имаат сменето нешто....