Сигурно ќе треба да се плаќаат и тие 1100 денари за книжен фонд, иако нели собираа петиции за да не и плаќаме. За прва година уписите почнаа од понеделникот и они си платија, па според тоа би требало да ги плаќаме сите останати години.
^ Пред малку прочитав дека на факс имало соопштение дека е намалено на 900 ден. Мене ме интересира, а ШТО со тие што веќе платија 1100??? Ќе им ги вратат парите? Или си ставија доволно во џеб??
Е не се нормални значи, на на секој можен начин не исцеди овој Економски . Е многу го намалиле, се прекршиле од 1100 на 900 . Зошто пак да плаќаме книжен фонд, кога на почетокот кога упишувавме година плативме и тогаш 700 денари мислам. Зарем 10-15 шифрарници и 2 тетратки во годината што ги трошиме се 1600 денари? Крадци!
^ Јас во тетратка не сум пишувала од прва година математика, а сега сум 4-та на е-бизнис, и работиме на компјутери, уште во прва година ние плаќавме и дополнителна сума за некоја со софтверска картичка, за која што не испоизлажаа, никад ништо сме добиле!! Дебили!
Tие 200 денари ќе ни ги одбиеле следниот семестар кога ќе плаќаме или пак ете некогаш беспатна потврда ќе ни дале... Бог да чува се.. 200, 200 ама не им ги давам за џабе хД
А тие студентските картички лани што ги земавме за што се? За ми зафаќаат простор во новчаник? И за нив по 300 и кусур денари мислам дека плаќаме... А нели на тие листовите за запишување на семестар што се порано плаќавме само по една таксена марка? Сега и за двата листа по една треба. Ц ц ц
ISIC студентските картички ни служат за шетање по паричници или за зафаќање место во фиока, како и да е помал простор зафаќаат од 300 денари :/ Епа една таксена марка ти е за заверка на претходниот семестар а другата за запишување на овој..
^ Сите тие глупави листови за заверка и упис, порано беа 70 ден. (заедно со таксена марка, значи листот беше 20 ден.) А сега ги продаваат за 100 ден. со тоа што треба да уплатиш таксени марки сосе провизија...
какви прашања се паѓаат на колоквиум по ЕКОНОМИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЕ ? на што да обрнам внимание највеќе ? на поделбите, да у4ам посебно за секое или нема потреба тоа...
ај некој знае нека пише нешто повеќе за Развој на економска мисла,економски системи и глобализација и економско планирање
не знам дали и на вас но мене не ми се заверени положените испити одзимски семестар...па ако знае некој нешто нека пише
девојки ај ќе ве молам ако може да ми кажете нешто повеќе за монетарна економија и јавни финансии? Kакви колоквиуми даваат, лесно ли е? Mонетарна има некакви додатоци, дали и тие ќе требаат?
Може ли некој да ми каже повеќе информации за изработка на магистратура, сами ли ја одбравте темата, колку страници опфативте , има ли графици, колку истржувачка работа вложивте нешто како анкетни листови или слично, значи ваше искуство
феминки дали некој има информација за тоа кога се полага информациони и што треба да се учи за прв колоквиум?и денеска немавме вежби а има на зефир вежба што со таа вежба?