Билјана мене ми беше ментор, многу е фина. Ти дава да избереш сам за што ќе пишуваш, ти кажува од каде можеш да најдеш материјали, што да опфатиш и сл. Не те тера да одиш на консултации, само ти кога сакаш можеш. Враќа на мејлови редовно, и не те испрашува на бранењето. Само малку естетски може да те замара со фусноти, табели, извори да бидат наведени, цитати.. Мене ми беше супер, дури ми го промени датумот иако имав закажано.
Колеги дали може некој да ми каже искуство за овие предмети и какви се колоквиумите и испитите, ми требаат два за изборни Економија на социјална држава Е-бизнис иновации Управување со маркетинг каналите Монетарна економија
Економија на социјалната државата го кажуваат дека бил многу лесен. Јас го имам како задолжителен сега во четврти семестар. Монетарна економија бил многу тежок максимум оцена 6 или 7, значи не е за изборен. За другите два предмети не знам какви се.
Економија на социјална држава ти е сличен на Национални сметки. Малце досаден материјал ама го бива за изборен а и професорката е срцка. Управување со маркетинг канали има доста за работа. Интересен предмет се изработуваат доста проекти за плус поени ама не би ти го препорачала за изборен. Монетарна е задолжителен на финансиски менаџмент и не е воопшто кандидат за изборен предмет. Е-бизнис иновации не сум го имала јас и неможам да ти помогнам со овој предмет.
Може ли некој да сподели изборни предмети од други факултети може да е од филозофски или па мислење да сподели за Родот и спортот и Англиски 2? Фала ви однапред.
Јас го имав одбрано Менаџмемт на мал бизнис. За смерот менаџмент тоа е задолжителен предмет, а за останатите изборен. Мене ми беше лесен и интересен. Го предава Александра-Организациско и принципот е ист. Ако ти е лесно учењето набројуванки земи го.
Ако може некој што имал искуство со предметите Етика од филозофски и Социјална заштита исто од филозофски да каже какви предмети се, дали е голем материјалот, дали лесно се добиваат високи оценки. Втора година сум и досега немам земено предмет од универзитетска листа, а од економски не ми се зема никој, нема голем избор. Единствено Менаџмент на мал бизнис, ама не ми одат набројуванки. Или пак ако знае некој, некој лесен предмет од универзитетска листа нека каже.
Би сакал да ми дадете мислење за следниве предмети: организациско однесување, претприемништво и економија на социјална држава. Колакв е материјалот по овие предмети, структурата на колоквиумите/испити, дали е задолжително присуство и дали има задачи и кој од овие е најлесен за изборен?
Каде се наоѓаат кабинетите на професорките Билјана Ташевска- Општествено богатство и Марија Трпкова Несторовска- Демографија?
Мислење за предметите: тешки/лесни и начин на полагања,бара присуство? -Локални финансии -Хартии од вредност и портфолио менаџмент -Економија на социјална држава