Здраво, 4та година средно сум и би сакала да се запишам на економски, смер сметководство и ревизија. Сакав да прашам со колку најмалку поени би ме примиле? Дали навистина овој смер е најтежок?
Здраво економисти,дали може некој од вас да сподели искуство со ментори за дипломска,односно Сашо Арсов,Љупчо Ефтимов,Александра Јаневска Илиев,Љлубомир Дракулевски и Никола Левков. site smerovi si imaat svoja tezina,aako ne ucis tezok ke ti bide,a za poeni ke ti trebaat povekje bidejki ima golema konkurencija. rodot i sporotot od filozofski,prof ti dava prasanja istite ti se pagjaat,prais kratok proekt ,prelesna 10 . ne
Локални финансии е многу сличен на јавни финансии, доколку си го учела јавни ќе ти биди многу лесно, професорката сака редовност и правење на проекти, знае да ги кажува многу често прашањата на предавање што се паѓаат на кол./испит.
Може некој да каже по кој принцип да се учи испитот Финансиски кај Сашо Арсов зошто само 5 души имаше пуштено
Фала ти, материјалот колку е обемен, се учи од книга/скрипта, има ли прашања во либро???? А за хартии од вредност и портфолио менаџмент имаш ли некоја информација, кој е полесен од овие два?
Од што се учи предметот Управување со маркетинг канали ? Кај Зоки/Либро има само две презентации кои се 'сиромашни' и не верувам дека тоа е доволно. Доколку некој знае да ми ја сликне или напише потребната литература за да си ја набавам. Благодарам.
Има книга мислам не сум сигурна но во глобала се учи од презентации ама многу важно е да ги имаш белешките од предавање, прашања не знам искрено би требало да има јас полагав усно. ХВ не е тежок не е ни обемен има прашања во либро јас многу лесно поминав, присуство не е задолжително, ама треба учење. Доколку прашуваш за изборен предмет немаш потреба да ги земаш овие, овие се задолжителни на финансиски менаџмент.
Предлог лесни изборни за втора година летен семестар? И ако може мислење за менаџмент на мал бизнис и економија на социјална држава.
Здраво колеги. Кој е полесениот изборен предмет за летен семестар прва год.Организациско однесување или Вовед во економија на животна средина? И дали знаете дали можам втор семестар да запишам 3 предмети(двата задолжителни + еден изборен) или мора 4?
Можеш да запишеш 3. Во врска со предметите, Вовед во економија на животна средина се полагаше преку прашања (околу 70 за прв колоквиум и 110 за втор), но професорот напиша книга за предметов и мислам дека не е воопшто лесен сега. Организациско однесување е лесен предмет. Колоквиумите се Т/НТ и со повеќекратен избор (точни од 1-5). Материјалот за прв колоквиум е помал, за втор има малку повеќе од прв.
Ако може некој да ми каже мислење по следниве предмети: Анализа на временски серии Е-бизнис иновации Интернет маркетинг Информациони технологии Меѓународна економија Основи на бизнис аналитика Управување со системите Финансиски пазари и институции
Меѓународна економија полагањата беа усно оваа година, професорката бара детали и баш не го препорачувам исто така бараше и присуство додека одевме на факултет. Анализа на временски серии можеше да се положи само со активности, испитот не е баш лесен иако дава да се користи книга 10-15 мин.
Тежок избор. Анализа на временски серии и ФПИ се лесни, според мене. ФПИ учи со разбирање, никакви дефиниции и набројувања на памет не дава. Интернет маркетинг е ок, но на англиски се учи, како и е - бизнис иновации. Не разбирам се што има е во називот е на англиски. Како ние да немаме сопствен јазик на кој може да се појаснат глобалните и дигитални појмови. Не разбирам зошто е - бизнис насоката е на англиски, ама ајде...(забегав со темава). Управување со системи никако. Меѓународна економија никако. ИТ не ти препорачувам. Бизнис аналитика не знам, но не звучи примамливо, ако ме разбираш.
Продавам книга Финансиско сметководство, прашања и презентации, Меѓународен менаџмент материјал и презентациите, Економика на претпријатие (името на предметот е сменето), со прашања, Основи на сметководство, копија од книгата, Хартии од вредност, книга со прашања, Организациско однесување скрипта.