Добар ден колеги, прва година сум на факултетов и имам прашање до Вас, сега нели треба да се запишува летен семестар, на почетокот за зимски семестар уплатив 12400 ден.( во државна квота сум) а на iknow ми пишува должам 390ден. Колку ќе треба да платам за летниов семестар? Благодарам однапред
Кога ќе ги ставиш предметите на Iknow ти пишува колку ќе треба да платиш. Тие 390 денари што ги должиш ќе ги додадеш на сумата. И мене ми се случи да должам и вака направив.
Ова е многу индивидуална одлука и зависи апсолутно од тебе. Нема конкретен патерн, формула, не е наука или закон, кога станува збор за личната преференца. Генерално, на ова прашање ќе добиеш неколку различни одговори, некој ќе ти каже -Да, запиши се факултетот и смерот се сосема топ и професорите се супер. Некој друг ќе ти каже -Не, не се запишувај на тој факултет бидејќи се' е тоа "мижи Асан да ти баам" од факултет и таму професорите се апла лоши. Значи тоа е ствар на перцепција. Запрашај се прво дали ти тоа ќе сакаш да го учиш и дали се гледаш за 5-7 години од сега во некое претпријатие каде ќе имаш одговорност како претпоставена да менаџираш со вработените и/или со компанијата, впрочем како што претставува една работа на менаџер нели. Потоа запрашај се дали си учела средно образование кое имало барем суштинска поврзаност со овој факултет и смер, со што ќе ти помогне во предзнаење за да просперираш на економскиот факултет, во случајов менаџментот. Ако се запишеш ради реда колку да биде работата само за диплома и да се вработиш некаде како обичен референт до 55 години, пиши пропало. Подобро запиши се на приватен, така нема да имаш никакви проблеми со учењето и секогаш вратата ќе ти биде отворена кај приватњациве бидејќи така ни е "калемена" државата и малограѓанштината. А, ако планираш ова да ти биде професија и да правиш кариера врз база на менаџментот, бујрум. Подобар факултет за да стекнеш такво знаење нема во Македонија и е сосема наменет за тебе (Со исклучок на курсевите). Пак ќе кажам, размисли дали ова те влече и имаш желба да го учиш за да се стекнеш со определени вештини, знаења и да унапредуваш у оваа област и во компанијата во која што ќе се вработиш.
Fala mnogu, i imash pravo. Mene realno mi e celta da steknam znaenje zatoa shto sakam da go rabotam toa vo idnina, ama me fakja panika strav mi e da ne se zeznam...
Здраво, може јас нешто ќе ти помогнам. При крај сум сега, уште два испита, на друг отсек - Финансиски менаџмент. Ова ми е втор факултет. Значи не морав да го учам, не ми зависи работата од него, вработена сум, плата ОК, се' супер. Но, работам во област која повеќе се фокусира на економија, развој, бизниси, иновации итн. И редовно читам на таа тема. Кога се пребројав колку читам во областа, сфатив дека со сите тие книги, ќе завршам цел факултет . И се запишав на Економски. Се учи, ќе бидеш поткован со знаење. Сега јасно, има предмети што се интересни, други кои мораш ко иден економист барем колку-толку да ги знаеш. Но, на крај ќе имаш и практични знаења, нема да заминеш чудејќи што си правела 4 години. Мораш да учиш и нема да „зезнеш“. Не знам која ти е навиката за учење од средно, јас сум од претходните генерации кога си го загревавме столчето. Овде се сеќавам, прво за еден предмет кога се туфкав како ќе го положам, една колешка ми рече: „Земи си часови, што ќе се мачиш?“ Јас од постарите генерации не сум учена така. Ќе ја отворам книгата, ќе барам помош од студенти како се решава ова, од дома ќе прашувам што мислат, ќе се мачам со книгава...листови знаеш колку имам испишано пред полагање . Ама не ми текнуваше дека приватни часови се ете веднаш решението. Прво секогаш гледам сама да видам како е дојдено до крајот на задачава. Со ова сакав да доловам како порано се учеше. Не велам дека не е во ред да земеш часови, но откако ќе видиш дека сама не можеш. На крај и јас морав да земам часови по тој предмет, едноставно книгата не е добра, нема објаснувања кои те водат во чекори и ако не одиш на предавања, немаш појма едноставно. Вонреден студент сум инаку, не одам на предавања, не знам дали спомнав. За други предмети, со одлична книга, нема никаков проблем. Дури на отсек Менаџмент мислам немате ни задачи, формули такви работи, освен во прва година. Друго, можев да одам на приватен , но мислењето за приватните нема да го споделувам тука. Или на „Св. Кирил и Методиј“, или батали. Сум работела во Човечки ресурси, и секогаш сме давале предност на нашиот Универзитет. Секако и другите кандидати биле повикувани на интервјуа, ама ако сте донекаде исти, Св. Кирил и Методиј е the one, на кој му веруваме. И, сум била била приправник после факуптетот (првиот) во странство со други студенти од разни земји, на првиот состанок со менторот, или шефот, го прашавме како не' бирал. И тој рече, бидејќи нема појма кој од кај сме, од биографииите гледал на кои факултети (универзитети) имаме завршено - „гледав на кои факултети сте дипломирале, ако е на некој отворен вчера...баталував, гледав да ве примам од најстарите и најетаблираните во земјите од кои доаѓате....“. Ете, да бев од ФОН или Европски...или некој друг, немаше да влезам. Потоа гледај секоја сесија да даваш испити, зошто ќе ти се соберат и ќе се исплашиш. Учи од книгите и прашањата, јас никогаш не поминав со учење исклучиво од прашања. Тие професори што имаат презентации, обавезно ќе ги поминуваш и тие. Мислам тоа е, ако имаш навика за учење, нема да имаш проблем.
Фала многу за коментарот, навистина ми помогна. Учењето и оцените никогаш не ми претставувале проблем и многу сум упорна, така што најверојатно ќе се снаоѓам. Исто се мислев дали да одам на ФОН, ама сепак најверојатно ќе одам на „Св. Кирил и Методиј“.
Здраво, дали би ми препорачале да земам изборни во втор семестар Вовед во економија на животна средина, Организациско однесување и мислев Етика од Филозофски дали ќе можам да ја изберам дека е од друг факултет. Благодарам однапред
Мислење за менаџмент на набавки и дали е на англиски? Или предлог за некој друг изборен предмет за 8ми семестар?
Здраво! Ќе сака ли некој да сподели искуство за предметот економија на трудот? Ви благодарам однапред.
Здраво колеги. Ќе може ли некој да ми каже дали за предметите од втор семестар(1.Статистика за бизнис и економија 2.Основи на е-бизнис 3.Организациско однесување) смеам да користам копирани учебници или професорите бараат оригинал? Исто така дали би ми бил потребен дополнителен материјал(збирка,таблици итн.)?
За статистика и организациско можеш да користиш копирани учебници без проблем а за е-бизнис незнам да ти кажам точно