Погледни ги резултатите од уписите од претходните год ако можеш, јас неупеав да ги најдам. Или некој што се запишал нека пише.
Ако те интересира заради купување обрасци и пријави за испит, сега се купуваат во книжарата пред Правен, Авогадос мислам се вика.
Мислам дека ако се од летен треба да ги имаш и во индекс, така беше порано. Но сега поради меркиве не знам дали смeниле нешто.
мене лично ми беше многу убав предмет и професорот е добар, одев и на предавања ама мислам дека не мораше присуство, тестот го дава лесен без задачи, се на се одличен предмет за изборен доколку не сакаш набројуванки.
Медиумска култура Здраво колеги, дали знаете на кој принцип се полага Етика од Филозофски факултет и дали има некои измени? Дали е лесен ?
Здраво на сите, би сакала да знам. Дали во тие 31 предмет што треба да ги имаме положени на крајот на 4та година во тие предмети е вклучена дипломската или таа е 32ри предмет ?
Не, 31=задолжителни + изборни. Дипломската се брои само во вкупните кредити, не се вбројува како предмет.
Јас го имав лани. Беше кај Виолета и супер поминав. Разбирлив материјал и буквално со 1 читање се разбираше оти мн примери решававме на час обични логички задачки. Ама сега мислам дека ќе се менува професорот па распрашај се кој ќе биде и дали ќе биде ист пристап.
Етика сакам да го земам јас, ако дознаеш нешто повеќе пиши, и ако дознаам ќе пишам. Родот и спортот многу го земавме лани. Од прашања се учи кои се се на се околу 30 со кратки одговори, на заокружување и носеше 5 или 6 кредити не се сеќавам точно.