Девојки каде има помала конкуренција за да влезам во државна квота, на маркетинг, или на е-бизнис, кој според вас е полесен смер??
^ На Е-Бизнис се секогаш најмали квотите, а има конкуренција. Секоја година е различно не може да се знае, нека и објават квотите за некој месец и ќе видиш на кој смер колку примаат, а и што те влече не оди така на тепка а од тоа што знам досега Надворешна трговија има најмала конкуренција, ама секоја година е различно како што кажав... Се збореше дека оваа година потесни ќе бидат квотите на Економски, ќе видиме јас со нетрпение чекам да ги објават
^ Епа не знам, пробај... може ќе влезеш. А не е лесен смерот колку што знам...Спарк е на маркетинг она знае нека ти каже.
Девојко не гледај каде е полесно, гледај што понатака можеш да направиш со тоа. Во државава најмногу невработени се економисти, ја би ти препорачала правец за друг факултет, ама ако веќе си се одлучила, маркетинг немој. Интересен е има лесни предмети, асистентите се супер, ама дека ќе работиш маркетинг некогаш во животот твој, тоа баш тешко. Јас завршив маркетинг, а работам сметководство, моите колешки дома се или невработени, или се буткаат кај стигнат, а од маркетингот можеш да видиш само работа во промоција како хостеса. Јас мислам или е-бизнис или надворешна трговија, лесен е смерот, а еве демек се ориентираме кон Европа, увози извози, може нешто да се најде
На крај краева нема врска кој смер ќе го одбереш, ако и се учи маркетинг нека учи, ако и се учи е-бизнис нека учи. Се што се прави со ќејф е правилно. Економски е економски, ние кога ќе излеземе од факултет, не знаеме кај ни е среќата, а и секоја работа се учи. Буквално секоја. Јас знаев што сакам, и затоа тоа го учам, но поим немам дали ќе работам утре тоа. Тоа е сосема независно од смерот. Јас сум била на пракса која апсолутно врска нема со смерот мој, но сум се уходала за помалку од еден месец, така што сметам дека не е битен смерот. А и секогаш е подобар избор да влезеш во државна квота на некој смер.
Зборувам затоа што знам каква е побарувачката на пазарот за труд. Затоа што сакав да бидам глумица, а што ако учев тоа??? од што ќе живеев, размислувајте малку пошироко. Секако дека се може да се научи, прашање е дали ќе имаш време и пари за тоа. Знаеш колку е просечна плата на економист кој не е вработен негде со врски бутнат??? 12000. Да учиш 4 години напорно да се трудиш за на крај да неможеш ни трудот да си го повратиш! Премногу економисти има во Мк, значи прееееемногу, јас да можев одново да одлучувам директива ќе идев на машински, електро, па и шумарски. А тоа дека треба да учиш тоа што сакаш...секако дека треба. Да си бев паметна ќе учев маркетинг дома, немаше да ги давам тие пари, ем ќе имав добра струка, ем домашно ќе си се образовав за маркетинг..супер нели немојте да ме сфатите погрешно, добронамерно коментирам на темава
Тоа е се во ред, и јас се сложувам тука, но конкретно зборев за Економски факултет и смеровите. Ама кога веќе некој е решен за Економски и се двоуми помеѓу два, три смера, мислам дека не прави многу разлика, кој смер е во прашање. Сепак се одлучил да стане економист. А и верувам дека знаеш, не само маркетинг ти можеш и дома да учиш и приватно се друго што сакаш, сметководител и со курс можеш да бидеш, можеш да научиш веб или графички дизајн на курс исто, и што се не, но дипломата што ќе ја имаш како економист или инжињер е нешто сосема друго. (иако таа не е нешто големо мерило за способноста на човекот, но такво ни го направија климата сите магистри да се а не па факултет да имаат :/ ) Поентата ми е, конкретно за нашиов факултет, не ги мешам другите. После игра улога фактор среќа, фактор-врска, а сето тоа да си го задржиш фактор способност.
Прво ги молам девојките што веќе се запишани на факултет да даваат совети за истиот. Ади, мојот смер има многу слични предмети со смерот Маркетинг и да ти кажам не е нешто многу тешко. Плус новава програма по која ќе студирате, ви овозможува голем избор на предмети (изборни), ќе го учиш тоа што сакаш да го учиш, така да нема потреба да се плашиш. Друго, во прва година горе-доле ви се исти предметите на сите смерови, така да би ти препорачала да се запишеш на смер каде што има помала конкуренција, па после префрли се на друг смер ако сакаш. Јас сега со овој памет, би се запишала на Маркетинг. Не се многу тешки предметите, плус се наоѓаат прашања што се паѓаат.
Девојки каков ќе биде колоквиумов по статистика? Нешто се збори дека ќе има 5 задачи и 20 прашања и тоа не дефиниции, туку логички. Некоја да сподели искуство?
Сметководител веќе со курс неможеш да бидеш. Од Март воведуваат лиценци за сметководители. Ќе ти треба факс, искуство и пари во рака за да ја земеш лиценцата. Нема да може било кој да води сметк. уствари ќе може ама нема да може ништо да потпишува и ќе аргати за тој што има лиценца (исто како што направија и во други гранки со воведување на лиценци) за смешна сума на пари.
Devojki sakam da ve prasam za predmetot Edinstven pazar na EU iskustvo, nekoi prasanja nacin na ucenje...mnogu tezok mi izgleda
Здраво би сакала д а ве прашам имате ли било каков есеј семинарска на тема лидерство , современи тории на лидерството,бихејвористичка теорија на лидерство сето воа е од областа менџмент Благодарам
На маркетинг има поголеми шанси да влезеш во државна квота. Смерот си бара одење на предавања, некои професори знаат навистина да ги направат задоволство тие предавања, а постојат и некои кои не прават ништо друго освен монотонија. Има правења на стручни трудови кои што можат да ти помогнат да ја увидиш својата идна професија, не е тешко, само бара волја и креативност. Колоквиумите се поминуваат со здраво учење - тука не мислам да се затвориш во соба и да ги прекинеш твоите контакти со останатиот свет, туку поминување на материјалот со читање 3-4 пати, потоа запамтување на најбитните елементи кои што или ќе ви ги истакнат, или сами ќе си ги истакнете. Задачи освен во 1ва година, ќе сретнеш во 3та, кои се премногу прости, обично применување на формули кои ги добиваат само квантитативните податоци за некои си индикатори кои често се среќаваат во праксата. Значи ипак, полесно е да се поминуваат предметиве на колоквиум, да се учи со време, да се иде на предавања и имаш загарантирана добра оценка. Не е прелесно, но се проаѓа. А сега за перспективата и просперитетот понатаму, тоа е веќе длабока тема за дискусија. Дали ќе се работи динамично во маркетинг агенција, или ќе се дреме на шалтер во банки, со надеж за повисоко место или пак ќе се дреме на штанд, промовирајќи некој нов производ, не се знае. Но сепак според мене, дипломата која ја имаме добиено завршувајќи го овој смер (а и останатите) не значи многу, доколку не се надоградуваш, одиш на пракси и фактички се бориш за работно место. Не е дека вратите ни се затворени секаде, туку треба да се влезе или јако или никако
Ај ако може да ми помогнете сакам да се запишам на економски факлутет али се мислам на кој смер да идам некако ми викаат дека полесен е општа економија и дека нема везе кој смер си битно е дека си дипломиран економист и важело за сите смерови на економски.
^ Не знам од каде произлезе дека тој смер е најлесен, затоа што на повеќето предмети начинот на полагање е есејски - со пишување, така да треба опширно и сеопфатно учење на лекциите, цртање графици, образложување и слично.. едино што менаџмент не е задолжителен предмет, само таа погодност во леснотија ја има смерот. Инаку е ист како и другите, специфичен по тежина, според мене дури и потежок од некои како надворешна, маркетинг..