Дечки, би сакала да знам дали се паѓа година? Односно дали има одредени предмети кои мора да ги имаме положено за да бидеме втора година па така натаму или не?
Не се паѓа година туку заостануваш, на пример ако не положиш некои предмети треба да ги презапишеш за соодветниот семестар(зимски од 1 семестар) а кога ќе ги положиш нив бираш нови од другиот сместар (зимски од 3 семестар).
Здраво. Дали Дипломската работа треба да се укоричи во тврд повез? Бидејќи е околу 30 страни, а треба двострано, повезот како ќе се спои? И пишале во Упатството да не биде во пластика. Како да ја укоричам?
На уплатницата што плаќаш книжевен фонд, e-услуги, платформи итн. Приходната шифра на 13 што завршува. Дали знаеш според новото Упатство за дипломска како треба да се укоричи? Пишува да не биде со пластика и спирали.
Тврд повез (боја на корици и букви по твоја желба), едностран принт. Како ќе се спои повезот е работа на Зоки/Либро
Здраво!!! Дали некој го има слушано предметот Полска цивилизација и култура од Филолошки како изборен од УКИМ листата и доколку "Да", дали предметот е лесен? Фала однапред
Здравоо, дали можеби некој знае по предметот Англиски јазик во струка 1 кој предмет треба да го запишам бидејќи има два со таков наслов ама различен код (едниот е 2013-50-001 а другиот УКИМ-ФЛФ-АНГ-2018-01001), по моја логика би требало да е второто така?
И тоа ли измислија. Каде го има тоа Упатство сакам да го ѕирнам. Инаку пред некоја година не беше вака, само ги укоричувавме нормално со спирала како и семинарските. Тоа тврдите корици важеше за магистерските.
Сестра ми дипломираше минатата година (ментор Снежана) и мораше тврд повез. Според мене тоа е одлична одлука, изгледа луксузно и може да трае многу години без да се оштети. Сестра ми си го чува нејзиниот примерок за спомен. Ни стои во дневна Инаку, сите дипломски се испраќаат во НУБСК и веројатно тие инсистираат на квалитетен повез поради долгорочно зачување на интелектуалните трудови. Јас имам уште малку до дипломска, па се распрашав на време. Упатството мислам дека го нема на страната (на страната нема ништо ), го испраќа менторот.
Здраво, оваа година се запишав на економски, па за првиот семестар дали одредени професори тражат строго оргинал книги или кај некои може копии и кои се тие? Фала однапред. И се што треба одговор или материјали можете и да ми пишате.
Здравоо да прашам за предметите менаџмент на човечки ресурси и теорија на организација да ми кажете нешто повеќе по кој принцип се водат професорките?
Абе остај каков луксуз, самата дипломска те чини скоро ко уште еден семестар. Чисти глупости. Измислиле уште една глупост како да потрошат уште некој денар од студентите кога и онака им се намалува бројот на студентите. Знам дека носат во архивата примерок, сепак е документ, но што со примероците за комисијата и тие сигурно не ги чуваат како спомен. Затоа велам залудно трошење на парите на студентите, кога и онака дипломската задача е само еден задолжителен предмет. За која дури и кај голем дел е copy-paste, има и такви што други им ги пишуваат за што им плаќаат. Инаку те сфаќам, и јас се трескав на времето. Сега да ме прашаш кај ми е дипломската, појма немам, може и во канта да завршила.
Се снајдов. Ова е за магистерски. За Дипломска, треба двострано и може во пластика со спирала, се' уште примаат такви.