Образецот А1 во универзитетски лист за запишување ли треба да го прикачиме? или таму треба пријавниот лист од iknow?
Леле, па нели има систем за проверка на плагијати? Значи сеуште се прават плагијати? Мене тоа ми е страшно. Едно време нели имаше акција за проверка на плагијат трудови (дури и учебниците ги проверуваа, - па за Таки Фити се збореше дека цела книга Економија му е плагијат од Менкју, па успеа да се заташка). @Lemon Супер. Мене библиотекарката ми кажа за повезот. Извини ако пренесов непроверена информација.
Имаше пред неколку години обид за таков систем, мислам дека кратко траеше. Освен тоа што фатија неколкумина од магистерските и сѐ на тоа остана. Сега воопшто не ги ни проверуваат, повеќе е проформа, да има дека нешто си напишал . Додека јавна тајна е дека некои си ги нарачуваат за да не се мачат да ги прават, подоцна само ја учат на памет и готово.
Здраво ако може да ми кажете мислење за дигитална економија и менаџмент на човечки ресурси бидејќи се двоумам помеѓу овие два предмети кој да го земам како изборен.
Добар ден колеги.Сакам да прашам за ваше мислење за следниве изборни предмети.Кој од нив е најлесен и кој би ми препоарачале да го запишам во зимски(трет) семестар. -Економика на Македонија -Јавни финансии -Макроекономија -Микроекономија -Менаџмент на човечки ресурси -Меѓународни организации и интеграции -Однесување на потрошувачите -Теорија на организација -Финансиско сметководство -Демографија (доколку е предмет од зимски семстар?)
Здраво, втора година треба да запишам сега,положив Економија во августовската сесија, ја земав оценката во индекс но во iknow не ми е внесена сеуште,дали ќе имам проблем при упис. Благодарам однапред
Ми рекоа дека е лесен предмет, професорката била коректна, проект се изработувал едино есејски што се прашањата на колоквиум
Кој предмет е полесен Банкарски менаџмент кај Горан Петрески или Фискална и монетарна политика кај Гоцков? Треба да запишам еден од овие два.
Здраво сакам да прашам дали доколку ги немаш потребните кредити од прва година треба да ја презапишуваш истата или само одреден семестар и дали доколку ја презапишеш годината положените предмети сеуште се рачунаат како положени.