Па пример за одредени факултети има услов да имаш 36 кредити за да запишеш втора година дали доколку ги немаш треба да презапишуваш година и дали во таа презапишана година ке ти важат положените предмети.
Задолжителни ми се и морам еден да одберам, имам за презапишување од прва и немам доволно кредити, инаку би требало и двата да ги запишам
Те жалам и во двата случаја. Види, двата се многу тешки. Менаџмент е тотално неразбирлив, маркетинг се разбира колку-толку и е помал материјалот - ама учење и фусноти и се се бара. Јас маркетинг положив со 10 ама учење, корнење.
Менаџмент е полесен ама кај Дебарлиев. Се учат набројуванките треба работа ама се положува. Маркетинг е потешко поради тестот
Мислење за лични финансии, индустриска политика, аграрна политика и национални сметки? Дали некој од овие е добар за изборен?
Дечки и девојки, да не знае некој случајно дали може да се запише семестар ако не ви се сите оценки напишани во iknow? И ако не може дали може да се плати казна? Јас лани зедов два предмети од филозофски, и двата ги положив, но за ниту еден од двата немам оценка во iknow. Бидејќи имам висок просек и за стипендија се плашам и неа да не можам да ја земам зашто немам оценки во iknow.
Здраво, некој да сподели мислења и искуства за проф. Трајко Славески и Сузана Макрешанска Младеновска.
дечки може ли некој да ми објасни, во прва година зимскиот семестар имаме 4 задолжителни предмети и еден изборен а во летниот семестар само еден задолжителен предмет. Па сега ме интересира дали само толку ке бидат за цела година или?
Годинава во прва година имаше 3 задолжителни и 1 изборен, а во летниот семестар 2 задолжителни (Статистика и Спорт и здравје кој носи 0 кредити) и 3 изборни. Толку се за цела година, не знам сега како е.
Здраво сакам да прашам дали некој знае кој предмет е полесен Основи на менаџмент или Менаџмент на човечки ресурси?
Предлог за изборен предмет за 5ти семестар и дали е 5ти или 6ти потежок за да се земат изборни од филозофски?
Дали е паметно да се земат како изборни Менаџмент на човечки ресурси и Меѓународни организации и интеграции??