Јас сум новозапишана студентка на економскиов факултет па би сакала мислења / искуства за професориве да добијам, да знам од прилика што да очекувам и во што влагам Основи на сметководство – Проф. Марина Трпеска Основи на економијата – Проф. Предраг Трпески Математика за економисти – Проф. Виолета Цветкоска
Сметководство не ти треба оригинал книга. Математика ти треба, зошто ја користевме на испит колку што се сеќавам во прва.
Дали некој има заверено семестар без оценка во индекс? Ми фали една оценка и професорката ми пиша дека може и без оценка во индекс доколку ја имаме во iknow.
Сметководство бара и збирка и книга оригинал (книгата ја дозволува да се користи на испит неколку минути, а од збирката бара домашни за дополнителни поени). Математика само збирка оригинал ти треба за полагање, книга не.
Здраво дали некој што бил на часови кај баже ќе може да ми каже колку пати неделно се одржуваат часовите и која цена е?
Здраво. Дали можеби некој продава книга и збирка Математика за економисти(оригинал било кое издание) и книга Основи на економија( исто така оригинал било кое издание) ?
Основи на економијата дали може да користиме копија? знам дека бараат да биде оригинал но со оглед на моменталнава состојба шо сме онлине....
Од лани најверојатно, за пред тоа не знам, само за делот на отворени прашања, првите 10 минути мислам беше. Домашните се пишуваат на перфорирани листови од збирката. Се кинат и се предаваат тема по тема или пред колоквиум. Е не знам, јас го имав првото издание одма кога испадна, немаше друго.