Девојки има ли некоја овде од Е-бизнис смер да ми каже од 2 год натаму дали сите предмети се на англиски и дали може да си бираш на кој јазик да ги учиш??И каков е смерот во глобала, тежок/лесен??
Девојки, што е работава со задолжителната пракса за студентите од сега завршена прва година? Имате некоја информација вие што сега завршувате прва?
3 semestar imas samo eden predmet koj mozes da biras dali da go ucis na angliski ili na makedonski (kaj Kalina po statistika) a 4 semestar i dvata zadolzitelni predmeti ti se na angliski, no na edniot mozes da biras dali da polagas na makedonski ili na angliski. a za ponataka mislam deka poveketo se na angliski predmetite
Повеќето предмети на е-бизнис смерот се на англиски, и не можеш да бираш како да ги полагаш. Ако не си сигурна за овој смер или мислиш дека може да имаш проблем со јазикот избери некој друг подобро. Мене ми беше тешко само прва година кога полагав основи на е-бизнис на англиски потоа се навикнав. Има и некои предмети на македонски не се сите на англиски, а и изборните можеш да си ги бираш на македонски ако сакаш не е проблем. Но има многу кои мораш да ги полагаш на англиски, не можеш да бираш.
Во 3 семестар можеш да бираш за дигитална економија дали македонски или англиски ке го учиш и полагаш предметот, а во 4 семестар интернет маркетинг можеш да бираш како сакаш да го полагаш од причина што истиот предмет го слуша и смерот надворешна трговија, а исто така и предавањата се на македонски(од страна на студентите) а книгата на англиски така да малце е комплицирано Макар што има предмети на македонски кои се многу потешки како што е со Менаџмент или Маркетинг :/
Дали ќе може некоја колешка што ја има книгата Финансиско сметководство да ми каже од кои автори е и година на издавање?
Дава доста бодови, не знам точно колку но крева една до две оцени. И што ако во втора одбереш на македонски предмети кои можеш да ги учиш на англиски кога можеш да се запишеш на друг смер и истите тие предмети да си ги земеш на македонски. Нема поента да се запишеш на е-бизнис а да не сакаш да учиш на англиски. Во трета и четврта имаш повеќе предмети на англиски, кои се доста интересни и многу лесни но само ако имаш желба. Ако се одлучиш за е-бизнис ти препорачувам истите предмети да си ги земеш на англиски, зошто како и да е, не е се на македонски
Може некој информација за Оптимализација на интернет окружување втор колоквиум? Може само од скрипта да се учи или не? Некоја од постарите години од е-бизнис смер ?
Август-септемвриска сесија е редовна сесија, како и јануар-февруарска и мај-јунска. Казнени сесии има во ноември и април но, важат само за студентите што студираат по стара програма.
Очигледно сме колешки од иста година и ист смер, па само јас ти одговарам. Да, јас ќе учам од скрпита, нема друг начин сигурно нема да стигнам книгата да ја научам. Колку што знам и сите ќе учат од скрипта. Ако нешто те интересира пиши ми ЛП.
Задолжителна е само за студентите кои се запишале 2010/2011, па нагоре. Економика втор колоквиум мене искрено ми изгледа полесен од прв, ама слушам многу муабети дека вториот бил потежок и дека многу го паѓале. Вистина/лага?
Абе не слушајте муабети, за секој тоа е индивидуално, зависи колку си научил. Јас кога го полагав мене и двата кол. ми беа лесни, немаше некоја разлика.
Колешки ќе ве замолам доколку некој има од предходните години семинарска по статистика да ми прати за да видам како треба да изгледа.
Јас сум матурантка и планирам да се запишам на економски. Се двоумам помеѓу Надворешна трговија и финансиски менаџмент, ама најверојатно изборот ќе падне на надворешна трговија. Сакам ако некој знае, односно веќе студира да ми каже нешто повеќе околу овој смер (може и во ЛП). Кога беше отворениот ден бев и се распрашав ама ми ги дадоа само основните информации и ми кажаа дека дел од предметите се слушаат на англиски. Вистина е тоа? Не дека ми претставува проблем англискиот , туку сакам да знам сигурно.