Јас сум економски техничар, 2 година, средно. И сега мора да бираме предмети, сакам да одам на смерот менаџент на економскиот факултет но незнам кој предмет ке ми биде повеќе корисен за во иднина бизнис, економија или сметководство? Еден од тие треба да изберам, добредојдена ке ми биде вашата помош.
Економија Јас сум на општа економија а но колеги што се на надворешна и не сум слушнала до сега дека имаат предмети на англиски.Е-бизнис е на англиски,барем така знам.
Јас сум на Надворешна трговија и да, има предмети што можеш да ги полагаш на англиски или македонски. Значи си бираш јазик. Инаку Надворешна како смер е полесен од Финансиски менаџмент. Некои предмети се полагаат на пишување, некои на заокружување, ама да не те плаши пишувањето, не се тешки предметите воопшто.
Колешки а што ќе ми кажете за смерот Маркетинг? Јас сум веќе запишана на овој смер и 1 година сум па би сакала да знам што ме очекува наредните години.. Позз
Девојки за пракса што е потребно , само пријавен лист што треба да се завери во студентски или треба и нешто друго? ?
Ima nekoj so gi polagal Teorija na organizacija i Marketing menadzment da spodeli iskustvo shto da se uci,i ako ima nekoj prasanja da prati
Одиш на студентски ти даваат упатница на која има назначено до. Таму треба да напишиш точно во која институција ќе одиш. И после тоа ќе ти треба потпис од било кој професор ментор, значи било кој професор, да го најдеш некој по факултет дај му да ти се потпише,тоа ради реда треба само и потоа го носиш на студентски и ти даваат таму потпис и си одиш на пракса. И толку. Јас сум на е бизнис и ние веќе во втора,во летен семестар имаме два предмети што ги слушаме на англиски,и книгите ни се на англиски,и полагаш на англиски. И натаму имаме на англиски предмети.
Па, заедно со финансиски менаџмент се сметаат за најтешките смерови на Економски. Има мн сметководства, финансиско, управувачко, смет. на трошоци ... Мене искрено тие работи ужасно ме нервираат. Никогаш во животот не сум сретнала нешто тооолку антипатично за учење, како финансиското сметководство. Ако те влечат сметководствениве работи, слободно оди, ќе уживаш. Ако ти се крева коса од нив, друг смер. Некој што е на тој смер може мн подобро да ти објасни, али тоа е мојот впечаток од предметите што сум ги полагала од тој смер.
Девојки ај некој ако знае нека пише дали мора да се завери семестар до утре за прва година или може до 23 на страната пишува од14 до 23.Дали кажуваат дати за да се избегне гужвата за секоја година одделни денови или пак е со казна ако закаснеш??
Годините ги имаат распоредено по датуми и секој би требало да се придржува. Јас имам еднаш платено казна за каснење и тоа од оправдани причини, ама госпоѓата на студентски не сакаше да чуе за да ми прогледа низ прсти.
Девојки би сакала да ве замолам ако некоја има статистика семинарска да ми испрати да видам што треба како. Овој професоров е ѓубре невидено и ништо ни нема кажано, што треба како треба. Јас не сум студент на економски, на штулов сум, така што нема шанса да испадне како копирана. Многуууу би ви била благодарнаа, очајно ми треба
девојки ве молам ако можете да ми кажете што се паѓа на испит математика кај драге јанев и како изгледа испитот, колку задачи се,колку може да се реши од нив за 6....
Абе кај Драге се може да се падне. Вежбај прогресии, матрици, стопанската математика се што има таму - амортизација, влогови, ренти ... тие највеќе. Веројатност ако не ја знаеш, не ја ни почнувај со вежбање, јас врска немам со веројатноста, ни една задача не решив, па положив лани. Интеграли не дава, изводи дава, али тој изводот ретко кој го реши точен. Комбинаторика мислам дека на испит тешко да даде, прелесни се задачите. Иначе, 3 прашања мислам дека беа со 5 или 6 задачи. Прашањата да ти се точни, и 3 решени ваљда ќе те пушти ... со 6ка. А може и на дополнителна со 2 или 3 точно решени задачи. Зависи како ќе го трефне него, на која нога станал тој ден.