Зависи од предметот,математика мислам ги имаат и тестовите,конкретно јас кога земав оценка пред 3 години погледна во списокот на лаптоп и ја внесе во индексот.
Ке може ли некој да ми каже, дали за да се заврши факултетот на крај треба да имаме положено минимум 19 задолжителни и 12 изборни предмети? Или услов е само 240 кредити?
Здраво колеги, проф по спорт ни најави дека часовите ке се одвиваат онлине и дека ние треба да се вклучуваме и вежбаме на камера но јас немам услови дома за тоа.. Па сакам да знам дали се купува потпис по спорт?
nekoj da spodeli iskustva kaj profesorite po statistika i voved vo ekonomija na zivotna sredina? profesorot borce dali cita prisutni sekoj cas i dali dava plus poeni za prisustvo?
Вовед во економијата на животната средина професорот Пеце, води евиденција и дава дополнителни поени од присуство и активности, така да најверојатно и Борче според мене...
Инвестиционен менаџмнет Менаџмент на ризик Деловно планирање - Некој кој што има искуство со овие предмети ако сака да ми пише
Здраво ќе може ли некој да ми каже дали за да се положи Статистика се потревни приватни часови или пак се доволни предавањата и вежбите?
Вежби и предавања се сосем доволни за предметот. Секако треба редовност и внимание тоа важи за сите предмети што имаат задачи и вежби.
Прв колоквиум од Либро втор зависи како ќе му текне абе учете го предметот, интересен е се збори за загадување блабла
Здраво, дали до сега имате пишувано стручни трудови по некој предмет и како оди тоа некој совет за добра изработка на што да се посветам? Фала однапредд!!
Колеги, на колешка која дооолги години студиите и беа во мирување, сега сака да продолжи. И беа останати овие испити - Ревизија - Интерна ревизија - Управувачко 2 - Деловнo комуникацирање Можете ли да кажете каков е сега принципот на полагање, комбинации, задачи, дополнителен материјал... Секое инфо е добредојдено. Кој предава сега управувачко бидејќи во наше време беше Блажо Недев?
Ревизија и Интерна ревизија ги предава Зорица а Управувачко 2 Марина Трпеска. Ревизија има доста работи обемен материјал,се учи по книга од 2011 и на колоквиуми има прашања со заокружување,точно неточно,кејсови(студии на случај) и отворени прашања. Управувачко 2 е комбинација од теорија и задачи. За да се положи на колоквиум требаат минимум 50 бодови и за двата предмета. Деловно комуницирање го предава Никола Левков во онлајн услови малце потешко е да се изведат вежбите,на колоквиуми има 30 прашања со тоа што нема дефиниции туку најчесто се примери од разни ситуации и понудени опции како би се постапило. Со положени колоквиуми без дополнителна активност на вежби може максимум седмица да се добие. Материјали има или по книжарите а за некои предмети професорите праќаат материјали бидејќи и учебниците по некои предмети се доста стари па дел од работите се изменети. За Интерна ревизија не знам колку е тешко и што се бара нека сподели некој ако има повеќе инфорамции.
Здраво Јас сум втор семестар и со објавата дека колоквиуми и испити ќе се полагаат со физичко присуство, сакам да прашам како се полага, дали задачите се потешки, дали има отворени прашања, повеќе прашања.... Би било подобро да одговори некој од постарите генерации кои ги имаат полагано следниве предмети со физичко присуство: Статистика за бизнис и економија Организациско однесување Основи на е-бизнис Благодарам однапред
Е Бизнис е на англиски тестот 30-тина прашања и во заграда ти пишува колку се точни. Организациско е на заокружување со можност да бидат сите точни или само едно. Статистика теорија со заокружување а задачите со решавање и заокружување на понудениот одговор. За разлика од онлајн полагањето сега ќе биде потребно внесување на одговорите во шифрарник,ништо страшно ќе објаснат асистентите што како треба пред полагање. Тежински не би требало да се значајно изменети тестовите од пред 2-3 години освен ако нема некој нов материјал или нова книга по некој од предметите.
Инвестиционен менаџмнет Менаџмент на ризик Деловно планирање - Некој кој што има искуство со овие предмети ако сака да ми пише