Девојки би ве замолила доколку имате некои материјали за организациска култура да ми испратите, многу би ви била благодарна. Пишувам дипломска на таа тема и заглавив скроз
Девојки може да ми објасните малку околу праксата, треба да одам во банка пример (затоа што сакам во банка) и да прашам дали можат да ме примат и слично или одам директно со таа уплатницата од факултет пополнета?!
Ако има некоја феминка на сметководство смерот, да не е само прва година, нека ми пише ЛП, итно ми треба малце помош! Едит: Не мора баш од сметководство, секоја што го поминала финансиско сметководство.
Здраво на сите јас сум вонреден студент на 4-та год, па Ве молам за информација- вториот колоквиум по предметот ПРЕТПРИЕМНИШТВО дали се се учеше или имаше нешто изоставено. Благодарам и поздрав
5та тема треба само до 135 страна, од 7ма глава треба само последната лекција, а 8ма е цела скратена.
Ти благодарам многу за информацијата, а воедно да прашам за мегународен менаџмент дали има истакнато конечни оцени, и дали е суште професор по предметот Дркулевски?
Едно прашање до колегите од 1ва година. Ако може да ми кажете што не треба да се учи сметководство? И дали на испитот во јануари имаше прашања за аџустирање пошто јас бев на поправен втор? Тоа неможам да го разберам никако. Фала ви!
девојки да прашам јас па кој знае нешто нека ми помогне. дали имате некоја инф за дисперзираните студии во струга? кои смерови ке ги има и дали воопшто ке ги има? благодарам однапред
Да, влегуваш во точно определеното време и му кажуваш на преофесорот/асистентот дека си за увид. Ама ти нема да си единствена таму, сигурно ќе има и други и без да кажеш знаат зошто си дојдена.
Колешки може ли некоја да ме советува што да правам математика со Драге, значи на испит напишав 2 и пол задачи и сигурна сум дека ми се точни и прашањата ги напишав точни ама пак ме нема во положените ни па на дополнителен испит. Во понеделник е увидот ќе одам но се плашам пак да не ми рече како во јануари (ОО па колешке ти ништо не си напишала само си шкртала само 3 поени имаш не вреде да се прегледува, а јас имав и тогаш напишано 3 задачи и прашањата што патем 2 задачи ги најдов во збирката исти и само ги препишав. А тој ми ја имаше прешкртано цела тетратка). И незнам дали да се бунам дека имам напишано повеќе па да не си останам вечен студент математика... Фала однапред
Колешки,Колеги,Форуџики и Форумџии...просветлете ме колку бодови ми требаат за испитот по Англиски 2 за да поминам...Thank you..Have a nice day
Девојки, има ли некој што идел на пракса и водел дневник? Цел факултет збори за некој дневник треба да се води а никој не знае каков што како ... :\
Нема потреба од дневник, само зависи од кој професор ќе земеш потпис. Ако си на маркетинг оди кај Митре, тој не се замара со такви баналности. Битно е да ја дадеш потврдата кај Маријана.