Искуство со предметот Меѓународен менаџмент,колку е обемен материјалот,начин на полагање,задолжително присуство на предавање?
Мислење за предметите Менаџмент на ризик и Менаџмент во осигурување како изборни некој искуства да сподели.
Мислење за предметот статистичка контрола на квалитет дали е за изборен предмет и какви се полагањата, и за ерп системи и англиски јазик какви се полагањата и дали се лесни ?
Мислења за предметите квантитативни методи во финансии,банкарски менаџмент и монетарна и фискална политика во ЕУ
Банкарски менаџмент е на ист принцип како и Мемаџмент на финансиски институции. Го предава професорката Елена и повеќето од прашањата што се паѓаат на колоквиум професорката ги кажува за време на предавањата. Монетарна и фискална политика во ЕУ го предава Гоцков и е ист принципот како и по Банкарство, дури еден дел од материјалот се повторува. Квантитативни методи во финансии се зависи од тоа кој ќе ти предава. Откако Тевдовски си замина, го предаваа различни професори.
Дигитална економија- дали предавањата се на англиски? Од што да се учи, дали помагаат скрипти? Дали се задолжителни и дали вредат предавањата? Има ли поени од активност, проекти итн? Ми треба некој да ми каже збор-два за предметот. Фала однапред
Предавањата се на македонски ама материјалот е на англиски. Колку што се сеќавам и полагањето е на англиски со прашања на заокружување. Не е обемен предмет и лесно ќе го положиш и да не си присуствувала на предавања.
Како изборен е супер,мислам дека бара присуство барем додека бевме онлајн евидентираше список на присутни.Во секој случај лесен е предметот.
Nesto za predmetot osnovi na menadznent. Dali predavanjata se zadolzitelni? Dali ima poeni od aktivnost?
Додека бевме онлајн се регистрираше присутност,предметот е обемен но не е воопшто тежок ако ти одат набројуванки,но има и отворени прашања,се е во склоп на учебникот. Има и поени од активност,се разгледуваат и дискутираат различни студии на случај во врска со материјалот.