Продавам книги за прва година Зимски семестар: •Основи на сметководство (книга + збирка оригинал) •Математика за економисти (книга копија + збирка оригинал) •Основи на економијата (книга оригинал, скрипта-Либро, извадена скратена скрипта, прашања) •Трговско право (книга копија, скрипта, прашања)
Потребна ми е оригинал збирка по математика за економисти, во прилог се мојот месинџер и инстаграм. Insta : stankovicradan Mess : Radan M Stankovic
Толку ги бива Игор и Драге А знаат да условуваат со збирката. Срамота Реално збирката како збирка никад нема да ви се најде за време на полагање.Даваат задачи шо везе немаат со збирката, само ќе губите време да листате. Формулите едино. Барајте од многу постари студенти, Јас имав збирка и формули посебно
Може ли некој што го има во овој семестар Јавни финансии да ми каже кој го предава сега предметот и која е книгата за колоквиум/испит? Дали е истата од претходно или дека нов професор има и нова литература? Во мое време Михаил Петковски го предаваше, но сега ми треба инфо за блиска особа, вонреден студент, би сакала да и помогнам со информации околу предметот. Можете и во лп да ми пишете ако некој сака и може да одговори
Сега предметот го предава професорката Сузана Макрешанска Младеновска. Книгата е веројатно истата што се користи со години. Изданието е од 2004 година, а автор е Живко Атанасовски.