Поздрав до сите на форумов, сакам да поставам едно прашање. Сега ќе се запишувам на економски и имам дилема околу смерот кој да го одберам. Планирав финансиски, ама матурава ми го расипа планот. Имам 89 поени и сакам да бидам во државна квота. Ме интересира нешто за овие смерови: Менаџмент, Маркетинг, Надворешна. Значи професори кои предаваат, предмети потешки, нешто општо за смерот ако може некој да ми каже. Фала.
^ Сите четири смера што ги наброја се приказна за себе. Ти самата треба да си одлучиш што те интересира, што те влече највеќе, што сакаш да бидеш и работиш во иднина (макар што последново нема врска со смерот). На Надворешна секогаш има најмала конкурнција, па според тоа, шансите за да влезеш во државна квота се поголеми. Инаку предметите претежно се полагаат на пишување, за разлика од другите смерови каде што најчесто се на заокружување. Надворешна и Маркетинг имаат најслични предмети, ама на Маркетинг има поголема конкуренција, поголема и од на Менаџмент. Предметите во прва година на сите смерови се исти, после во наредните години нормално имаш и потешки и полесни предмети, има некои зафркнати професори каде што ќе треба да обрнеш повеќе внимание, во новава програма имате голем избор на изборни предмети, па така ќе можеш да си бираш што ќе учиш.
Јас се двоумам помеѓу финансиски менаџмент и надворешна трговија. Како што пресметав за упис имам 98.743 бодови, тоа значи дека на кој смер и да одам ќе влезам во државна квота. Но, навистина не знам за што да се одлучам. Би можеле ли вие што веќе студирате да ми кажете кој смер е подобар и поперспективен?
Условите со два неположени предмети од претходната година веќе не важат во новата програма. Доколку имаш неположени предмети од прва година, ги презапишуваш сите од прв семестар, плус предметите од втора година што се слушаат исто во прв семестар, но вкупниот број на кредитите што ги носи секој предмет не треба да биде над 35. Може и 1-2 кредити повеќе, ако ти одобрат молба.
Што е работава со 3те изборни предмети од листата на УКИМ, т.е. можеш да си земеш предмет од било кој друг факултет и таму ќе го слушаш пр. некој земе Патологија и оди на Медицински да слуша. Ова е крајно нелогично ама колку што се распрашав така било предвидено... без врска. Има некој информација колку кредити ќе носат тие предмети што ќе се слушаат надвор од факултетот? Предложете изборен за прв семестар во 1 година, се мислам меѓу јазик и демографија од по 6кр. или трговско право што носи 9... кажете ми повеќе за трговско? Едни викаат скрипта, други викаат лани ги зезнале им дале од учебник прашања, тешко е за учење, кој учел од учебник? Кога точно се избира изборниот предмет? Распоредот кога го истакнуваат? И тоа е важен фактор при избор на изборниот предмет, нели не е убаво да се поклопуваат предметите.
Плавуша, за изборни надвор од факултетот наш немам слушнато. И јас лани слушнав демек ги зезнале трговско, овие од правен што професори што асистенти се сите ретарди, од искуство кажувам. Можеби Економскиов е тежок и асистентиве се бетер строги и се тоа, али бар знаеш што да учиш, од каде, кога полагаш и се тоа, НАВРЕМЕ. А со овие од правен, само си играат, врска си немаат од ништо. Затоа бирај си или демографија (викаат дека е лесен, не знам, немам земено) или јазик, можеш и други, али англиски би ти било најарно, бар ти треба нешто лесно, оти си прва, додека да се навикнеш на се. Изборен се запишува кога ќе се запишуваш. Со сите три задолжителни пишуваш и изборен. Мој совет - англиски. Распоред - една до две недели пред запишување и почнување на учебна година. Нема врска и да се поклопува оти ти секако нема на се да одиш. За прв семестар - дефинитивно ти препорачувам Економија да не испушташ (кај Т. Фити), сметководство не ти е потребно ич, математика ако сакаш оди, не верувам дека нешто многу ќе ти се разјасни, али ете. Ако имаш уште прашања, прашај или пиши ми во ЛП.
Јас го имав земено трговско право за изборен предмет и без проблем го положив,но морам да нагласам дека ми беше интересен за учење.Тоа беше пред 2 години,и учев од скрипта,но имаше и лекции кои ги читав од книга и најважното го запишував настрана за да подоцна можам побрзо да го пројдам целиот материјал. А вака општо за прва година ке ти кажам навреме да си ја вежбаш математика и статистика и никако немој да ги оставаш за подоцна,првин нив па се друго по ред.Ако ги изоставиме овие два предмети кои што се потешки мислам дека со другите ако си учиш нема да имаш проблем. Поздрав!
Морам да се надоврзам и да кажам нешто. Плавуша немој, НЕМОЈ НИКОГАШ, да потценуваш предмет. Секој си заслужува да му посветиш одредено внимание. И немој да мислиш дека тие два се најважни. Јас статистика го положив на колоквиуми, математика во август, али затоа економија го презапишав. Затоа не потценувај. Многу е тешко да стигниш за се на време, но барем пробај. И да кикснеш, дадено ти е, прва ќе си. Со лесно.
Колешке јас оваа година го земав трговско право за изборен да не зафркна професорот ги смени прашањата ама пак можам да кажам дека лесно поминав. Го поминав на колоквиуми и имам 9ка. А го спремав само еден ден пред колоквиуми од скриптата учев. Предност ми беше тоа што имам средно економскои до некаде ми беше познато тоа што се уче но ако ти ако немаш нека не ти е страв не е тежок материјалот.
Девојки сега за уписиве што се за 1ва година дека на нас ни се 16 и 17 дали ќе може да идам пред време на пример на 14 август да земам тоа сметките што се за плаќање за упис и ако може така да ми кажете од каде се зимаат
Девојки, сакам да се запишам на економски!! До пред некое време отприлика знаев како оди запишувањето, АМА денес на страната на факултетот гледам нешто електронско пријавување Ќе може ли некој да ми објасни: -дали пријавувањето ќе биде единствено по електронски пат?? -на кој датум треба да ја поднесам електронската пријава (на 16-17ти август??) -кога треба да се поднесат сведителствата?? (ко што гледам во пријавата се внесуваат само оценките, но не се бара никаква потврда за нивна валидност)
Не е само по електронски пат треба и по електронски пат да се пријавиш(после 24јули-кога ќе ни ги кажат конечните резултати)но треба и на 16/17 август да си ги однесеш документите на факултет со бројчето од електронската пријава
^Види и во темава obrazovanie/polaganje-matura-i-upisi-za-na-fakultet-t677/5820.html#p1213604 . 1. Пријавата е по електронски пат, ама на денот на уписите ги носиш документите и лично и ги оставаш само што не земаш пријава од факултетот туку ја принташ оваа. 2. Најубаво е пријавата да се пополни кога ќе ја земеш дипломата за завршено средно зошто се бараат точно по ред сите оценки од прва до четврта средно и од матура, а можеш и за 2-3 дека ко ќе излезат конечните резултати, сега не. 3. Сведителствата се носат на денот на уписите заедно со извод, државјанство, дипломата и електронската пријава испечатена.
Нема ли да има проблем ако се избере трговско право како изборен бидејќи носи 9 кредити ,а и трите задолжителни предмети носат исто така по 9 кредити и 4*9=36 кредити за семестарот,а нели треба максимум по семестар да има по 35 кредити така пишува на страната на економски факултет...не сфаќам
Procitav edno mislenje vo druga tema, navistina se mnogu obemni knigite za ekonomski? 500-600 strani?
Да, по толку се. Всушност, има и помалку, не е се исто нормално, али претежно е тоа бројката. Економија, статистика, тоа ти се може и над 500, математика збирката е друга прича, економиката и сметководството се помали. Изборните немаат толку материјал, и по скрипти претежно се учи.
слушнав дека оваа година на економски факултет ќе примаат по 60 стедента од смер? дали е точна таа информација? јас могу размислував да се запишам на геодезија ( пошо е по перспективен ) ама економски ми е желба , и сега најверојатно ке одам економски зошо и да одам геодезија ке го учам без желба. Малце подвалив на матурата имам 87 поени вкупно а ако идам економски сакам на финансиски менаџмент и незнам дали ќе ме примат со толку поени во државна квота? ај ако може малце повеке информации некој да ми даде за тој смер ? Ви благодарам