Како што видов последниот од државна квота со финансики менаџмент е 92 бода така да ако пак има голема заинтересиранот тешко дека можеш да влезеш а и ако се намали на 60 тогаш нема теоретски шанси
На финансиски во државна со тие поени, па еднакво на невозможна мисија, колку и да се лоши резултатите. Јас со повеќе поени влегов во приватна пред 2 години.
Навистина ми е потребна помош бидејќи се двоумам кој смер од економскиот факултет да го одберам. Имам 94.618 поени од матурата и според вас на кој од овие смерови би влегла во државна квота: менаџмент, надворешна трговија или економија? Исто така, математиката не ми е многу јака страна, па дали на овие смерови има само во прва година математика или и понатаму?
^^ Јас имав 92,5 и не влегов во државна. Последниот од државна имаше над 94 мислам пред 2 години. Не се секирај за математика, само во прва година сите смерови ја имаат, а за овие три понатаму немаш никаков проблем со математика. Иначе, со тие поени, економија и надворешна ти се загарантирани за државна, а за менаџмент мислам дека да, али не сум најсигурна, зошто и таму доста конкурираат. Али сепак, мислам дека на сите три би влегла во државна.
На финансиски менамент нема шанси да влезеш со тие поени во било која квота, на тој смер секогаш имало најголема конкуренција.Подобро проби на некој друг смер.
Поздрав до ранобудните, дали некој знае да ми каже, за упис на економски факултет дали треба извод од матично на родените и државјанство не постаро до 6 месеци?
Сигуно ќе влезеш на менаџмент во државна квота, јас не се сеќавам колку имав ама како и да е имав помалку од 90, може и 80 поени а влегов во државна..
Хммм,немора да е не постаро од 6 месеци,може и постаро,само што има одредена граница колку,дека има едни изводи што се вадеа пред 3-4 години и беа важечки зошто имале некој печат бла бла,нез ни јас точно.Мене за упис ми беше негде повеќе од 1 година и немаше проблем
Се јавив лично јас и таа ми рече не знам од кај ви е таа информација дека треба да не е постаро 6 месеци не е битно колку е старо кажа само да е оригинален извод
Ако има некоја колешка на е бизнис тука, ми треба совет од неа. Не го запишав менаџмент сега во втора, бидејќи не ми беш положен економија и го презапишав, значи го отфрлив менаџмент. Сакам сега во трета да го запишам и прашањето ми е - кој предмет сега да го отфрлам, кој би било најдобро? Благодарам.
Се наоѓа некој кој студира на маркетинг? Или малку поупатен во таа област да ми објасни во 2-3 реченици како се одвиваат работите на овој смер? Слушнав нешто се повеќе било на памет учење Тежината на предметите? Мислам она потешки, полесни предмети, професорите и слично.
Јас ќе се запишувам на економија,видов дека само во прва година се учи математика,па сакав да прашам дали другите предмети се поврзани повеќе со математика ?И дали е многу сложено? Знае ли некоја од вас?